Uploaded by anamarija

Паула Шер-семинарска

advertisement
Типографијата е присутна насекаде околу нас, каде и да погледнеме. Живееме во свет
на знаци и симболи. Букви испишани рачно, несоодветни комбинации, поставени на
специфични начини и места. Сите пораки се различни, и ги има насекаде. Типографијата е
сликарство со зборови, а еден од најдобрите сликари од оваа област е Паула Шер (Paula
Scher) (сл. 1). Таа има пронајдено повеќе начини да направи писмото само по себе да
говори од кој било друг графички дизајнер-правејќи го тоа само со букви. Токму поради таа
причина одлучив да дознаам повеќе за нејзиниот живот и дело, бидејќи сметам дека тоа е
нешто со кое секој иден графички дизајнер треба да се запознае. А кога учиме, секако треба
да учиме од најдобрите кои го прават тоа. Во светот на дизајнот така е претставена
Родена е на 6 октомври 1948, во Вашингтон. Кога бил млада и нова во светот на дизајнот
(Сл.2), своите фонтови ги испишувала или исцртувала рачно. Кога започнала технологијата
да биде се повеќе присутна во 90-тите повеќе ништо не изработувала на традиционален
начин, и кажува дека токму тој вид на работа и фали денес. Губењето на тој начин на работа
била огромна промена, па затоа започнала да се занимава и со сликарство. Специфично
насликува мапи (Сл.3)(Сл.4), многу детално изработени за кои е потребно долго време да
ги заврши. Таа не создава работи кои ќе одговорат на одредени прашања- напротив,
создава нешта кои ќе ги отворат истите и ќе постават нови. Уште кога биле дете, било
одредено дека има доста висока интелегенција. Нејзиното семејство одсекогаш мислело
дека тоа ќе го употреби во областа на математиката и науките. Но тоа не било така. Тоа се
манифестира во нејзината способност да синтетизира голем број на информации. Пред да
започне да ги прави своите познати мапи, таа создавала доста безсмислени дијаграми и
цртежи од непотребни информации само да докаже некоја поента. Вметнувала броеви
поврзани со различни теми создавајќи илустрации, кои носеле некаква сатирична порака.
Често биле теми од политика, демографија, создавала слики каде правела интересни
манипулации на свои фотографии(Сл.5), користела текст од информации кој е поврзан на
некој начин со неа (пр. Матичен број, број на лична карта, кредитна картичка). Од ова се
развило нејзиното хоби да ги создава тие детални карти, кое има и доза на опсесивност.
Никогаш не се пронаоѓала помеѓу своите врсници, посебно не додека била во средно
училиште. Таа била девојка која обожава уметност и постојано била присутна на тие
1
настани и предавања кои биле поврзани со уметноста. Затоа и се запишала на “Tyler’s
School of Art” и изучувала илустрација. Во овој период се заљубила во типографијата на
начин на кој никогаш не очекувала. Голема инфлуенса врз неа имала современата култура.
“Zig-zag rolling papers”, “Zap comics”, андерграунд магазини и весници и посебно насловни
на плочи. Тоа всушност било она што најпрво започнала да работи. Во 70-тите ја добила
својата прва работа како дизајнер- дизајнарила наслови за винил плочи(Сл.6). На одличен
начин комбинирала илустрација и типографија која зборува за истата. Со ова, нејзиното име
стана познато насекаде. „Јас бев дете со најдобрата работа во Њу Јорк”-вели Паула.
Започнала да има контакти со многу артисти и нивните менаџери кои секојдневно биле
присутни во нејзината канцеларија. Било вистински предизвик да успее да ги наметне
нејзините дизајни без никаков компромис. Често пати морала да ја послуша и желбата на
артистот. За некои албуми имала слобода да даде и свои идеи. Но за оние албуми каде
имала целосна слобода, започнала да експериментира со типографија, и тие и биле
омилени (Сл.7). Во следните 4-5 години фокусот целосно го става на текстот и
типографијата, и за тоа станува препознатлива, а тоа станува начин на кој работи и во
следните 30 години. . Веднаш го препознаваме The Public, Microsoft, CITI (Сл.8)(Сл.9)... Тоа
е јазик кој може да биде дисектиран, расклопен а потоа повторно склопен. Типографијата
може да биде многу моќна. Се работи со нешто што дава карактер, тежина, висина. Секоја
поставеност на елементите од една буква дава различен карактер на истата, а тоа буди и
различно чувство, пренесува различна порака. Доколку еден фонт е болдиран може да
пренесува силна порака и да означува цвртина, или крик. Но доколку буквите се тенки и
серифни тоа може да не потсеќа на класицизам. На овој начин, уште пред да прочитаме
што всушност пишува, испишаното има дух и сензибилитет. И кога ова ќе успееме да го
споиме со некакво значење и контекст- тоа станува спектакуларно. Токму тоа го прави
Паула. Таа секогаш била дел од поп културата, но умее како да даде уникатен шмек на тоа.
Кажува дека нејзините нај брилијантни идеи ги добива правејќи обични секојдневни
работи. Дозволува нејзината потсвест да ја надвладее, а од ова секогаш се раѓа нешто
извондредно. Она што најчесто дизајнира, се идентитет-системи. Еден од нај познатите
проекти на кои има работено и за кој е цврсто прикачено нејзиното име е целосниот дизајн
2
на „PUBLIC theater” (Сл.10). На ова започна да работи и прв пат да дизајнира во 1994. Тогаш
е создаден и нивниот нов идентитет. Кога ја доби оваа работа, Public Theater сеуште имаа
проблем со името. Секој го знаеше под различно име и тоа го двоеше од можноста за еден
и единствен идентитет. Идејата на Паула околу овај дизајн била: тоа да биде популарно, да
го претставува Њу Јорк, што истовремено значи да биде гласно и гордо. Започнала да
разгледува стари книги за типографија и букви. На една специфична страна имало
претставено секоја форма на една буква од еден фонт. Од нај тенка до нај дебела и широка
(Сл.11). Од ова ја добила идејата зборот „Public” да биде испишан со букви од различна
форма, движејќи се со градација од нај тенка до нај широка и здебелена буква. Ова го
означувало и го опфаќало Њу Јорк целосно. Може да се изгради целосен идентитет на
нешто или некој, само со препознатливоста на изгледот на буквите. Но не се само постерите
и логото,во овај целосен дизајн влегува и менувањето на ентериерот (Сл.12)(Сл.13)(Сл.14).
Се поврзано за овај театар има еден и единствен дух. Работите кои Паула ги создава се
препознатливи. Го има ре-дизајнирано логото на театарот три пати, но тоа се такви
субтилни промени што некој едвај би препознал. Од 1994 па се до денес, Паула сеуште
дизајнира за Public (Сл.15)(Сл.16). Оној дизајн што ја издвои, и повторно ја постави на
мапата беше дизајнот за „Bring in the noise, bring in the funk” (Сл.17). Беше поставен
насекаде. Изгледаше урбано, гласно и модерно. Паула успеа она што го виде на сцена на
брилијантен начин да го преведи со мастило на хартија (Сл.18). Таа кажува дека било
ужасно, бидејќи секој започнал да прави имитации. Како Њу Јорк да го проголтал
идентитетот на Public, а во следните неколку години она што таа дизајнирала станало
стандард во дизајн светот и ги поставувало новите трендови. Оваа комерцијализација неа
не и се допаѓала, па следната серија на постери направила нешто сосема спротивно.
Користела серифни фонтови и по мрачни бои и илустрации (Сл.19)(Сл.20). Кога започна да
дизајнира инсталации кои и дозволуваа да допре во физичкиот свет, бил период во кој нај
интересниот и нај добриот дизајн станал дигитален. Правела типографски дизајн во големи
формати кои биле поставувани на градби за да се добие чувство за простор (Сл.21), но и за
навигација низ просторот. „Дизајнот постои надвор од екраните.Има импакт во реалниот
свет”- вели таа. После ураганот Сенди, плажата Роквеј била целосно уништена. Се што
3
еднаш постоело, како платформите, скалите, шеталиштето, биле целосно избришани.
Тогаш била повикана да создаде нов знаковен систем за плажите. Секој влез морал да
изгледа уникатно, и да ги поврзува и потсеќа посетителите за она што некогаш постоело.
Беа направени масовни стоечки постери со фотографии кои би ги ориентирале луѓето
(Сл.22), но истовремено кои емоционално ја поврзуваат заедницата. Тие беа толку горди
на овој знаковен систем што градот направи серија на поштенски картички од истиот
(Сл.23). Тоа го создаде нивниот идентитет (Сл.24).
Важен дел од кариерата на Паула кој треба да се спомене исто така е Пентаграм. Пентаграм
е задруга за дизајн основана во 1972. Тоа е голема фирма, и тоа има свои предности, но и
покрај таквата организација на големи фирми како оваа, секој кој е дел од неа ужива право
да биде своја индивидуа. Нема еден кој е главен над се- тука сите се пријатели. Тоа е една
супер-група составена од нај познатите и нај добрите дизајнери во светот. Сите имаат свој
индивидуален стил и начин на работа , но сите се тимски играчи. Паула е дел од токму тој
тим. Станува дел од Пентаграм во 1991 година и е првата жена директор. Таа кажува дека
никогаш не би можела да влези во канцеларијата и да седни покрај своето биро за да
дизајнира, на тој начин не би постигнала ништо. Таму единствено би можела да го
проверува својот мејл, да направи некој ред, а потоа да започне да размислува како би го
решила дадениот проблем. А тоа може да го направи се додека постојано се движи низ
канцелариите на својот тим. Идеите извираат кога работи со нив. Така проектот станува
поуспешен, отколку кога би го работела сама. Но и пред да стане дел од Пентаграм, таа
била опкружена со врвни дизајнери, конкретно нејзиниот сопруг, Сејмур. Паула вели дека
тој бил нејзиниот дизајн херој кога била во уметничко училиште (Сл.25). И се допаѓал стилот
на илустрациија и дизајн кој го развивал, и тогаш навистина започнала да разбира дека
текстот има дух и на кој начин се поврзува со публиката. Денес живеат заедно, но кажуваат
дека секогаш работат посебно. Двата имаат посебно студио во својот дом, и работат на
целосно различни нешта. Меѓу нив не постои простор за колаборација. Таа кажува дека тоа
повеќе се базира врз желба, отколку можност. Во раниот живот немала пример на уметник
во нејзиното семејство по кој можела да се раководи. Но нејзиното семејство било високо
образовано и едуцирано. Сите жени биле училишни учители, а нејзниниот татко правел
4
мапи. Тој ја научил дека мапите се искривени и не даваат реална депикција на местата.
Всушност, нејзиниот татко сметал дека уметноста е глупава, и дека сериозните луѓе
станувале инженери. Но и покрај ваквиот став кон уметноста, тој успеал да види две од
нејзините насликани мапи пред крајот на својот живот, и навистина бил фасциниран од
истите. Сепак, неговата ќерка го докажала обратното со тоа што станала водечка фигура во
таа област.
Паула има создадено типографски јазик кој е популарен, амерички и има смисла за
луѓето. Јазик кој е дел од секојдневниот живот. Не е уметничка форма која има некое
посебно место- напротив, тој е насекае. Тој е по улиците, на полиците во супер маркетите.
Паула е нај влијателната жена- графички дизајнер на планетата. Со текот на годините,
кажува како разбира колку и е важен актот на креирање нешта. Но таа останува неуморна,
а нејзината повеќе од 40 годишна кариера продолжува само да се надрградува. Она што
сеуште ја држи присутна и релевантна, е помислата дека можеби сеуште го нема создадено
своето ремек дело. Тоа ја мотивира сеуште. „Креирањето и создавањето на нешта, е во
срцевината на се”-вели Паула. А тој мотив никогаш не ја напушта, само одново и го
поставува прашањето: „Што може да создаде следно? “-а тоа е нешто кој секој графички
дизајнер постојано треба да се прашува.
5
Сл.1 Паула Шер (Paula Scher)
Сл.2 Паула во тинејџерските години
Сл. 3 Мапа рачно насликана од Паула
6
Сл. 4 Мапа рачно насликана од Паула
Сл.5 Автопортрет (Едно од првите дела)
7
Сл.6 Дизајн на винил плочи
Сл.7 Насловна за винил плоча (типографија)
8
Сл.8 Дизајн за логото на CITI-Паула Шер
Сл.9 Скици за дизајнот на логото на CITI
Сл.10 Лого на PUBLIC-Паула Шер
9
Сл.11 Изворна идеа за дизајнот на PUBLIC (варијации на една буква)
Сл.12 Ентериерот на PUBLIC
Сл.13 Ентериерот на PUBLIC
10
Сл.14 Ентериерот на PUBLIC
Сл.15 Постер дизајн за PUBLIC
Сл.16 Постер дизајн за PUBLIC
11
Сл.17 “Bring in the noise, bring in the funk”-Паула Шер (постер дизајн)
Сл.18 “Bring in the noise, bring in the funk”-Паула Шер (постер дизајн)
12
Сл.19 Постер 1 од серијата на мрачни постери
Сл.20 Постер 2 од серијата на мрачни постери
Сл.21 Дизајн во физичкиот свет
13
Сл.22 Знаковен систем за “Rockaway beach”-Паула Шер
Сл.23 Поштенски картички
Сл.24 “NYC beaches identity”-Паула Шер
14
Сл.25 Паула со нејзиниот сопруг Сејмур
15
Користена литература:

Gary Hustwit (2007), Helvetica

Abstract: The Art of Design | Paula Scher: Graphic Design
https://www.youtube.com/watch?v=LCfBYE97rFk&t=1072s

https://www.stirworld.com/inspire-people-design-icon-paula-scher-on-embracingnoise-to-recapture-the-creative-edge

https://www.pentagram.com/

https://www.pentagram.com/about/paula-scher

Lupton, Ellen (2010) “Thinking with type”. 37 East Seventh Street New York, New York
10003. Princeton Architectural Press
16
Download