Интерен прирачник –Пчеларство ООУ Крсте Петков Мисирков –Радовиш Биолошка секција- Пчелите не познават граници,вера,култура Алберт Ајнштајн : „Ако пчелите исчезнат, човекот нема да има повеќе од четири години живот“ Arıcılık Kılavuzu BİO Krste P. Misirkov- Radoviş Biyolojik bölüm - Arılar sınır, inanç, kültür tanımaz Albert Einstein: "Arılar yok olsaydı, insanlık dört yıldan fazla hayatta kalmazdı" ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU Содржина Вовед Пчелите и нивната суштинска важност за човештвото Актуелни предизвици во пчеларството Глобални предизвици во пчеларството İçerik Giriş Arıların insanlık için vazgeçilmez önemi Arıcılıkta güncel zorluklar Arıcılıkta küresel zorluklar ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU Вовед Giriş Ако сакаме да преживееме треба да направиме сè што е во наша моќ да ги сочуваме пчелите бидејќи не зависат тие од нас, туку ние од нив. Големо количество храна зависи од опрашувањето на пчелите. Дури една третина од храната која секојдевно ја јадеме зависи од работата на пчелите. Ако се намали популацијата на пчели ќе се намали и приносот на некои растителни култури, а некои може и да исчезнат што ќе доведе неминовно до недостаток на храна за хуманата популација. Покрај ова, да не заборавиме, пчелите продуцираат мед кој содржи разновидни витамини, минерали и корисни шеќери. Hayatta kalmak istiyorsak arıları korumak için elimizden gelen her şeyi yapmalıyız çünkü onlar bize değil, biz onlara bğımlıyız. Çok sayıda bitkinşn besin oluşturması arıların tozlaşmasına bağlıdır. Her gün yediğimiz yiyeceğin üçte biri kadarı arıların çalışmasına bağlıdır. Arı popülasyonu azalırsa, bazı bitki mahsullerinin verimi de azalacak ve hatta bazıları yok olabilir, bu da kaçınılmaz olarak insan nüfusu için yiyecek ve besin eksikliğine yol açacaktır. Bunun yanı sıra unutmayalım ki arılar çeşitli vitamin, mineral ve faydalı şekerler içeren BAL üretirler ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU .. Пчелите се важни за целата планета земја. Тие помагаат во опрашувањето на растенијата и нивното размножување. А тие растенија ни даваат храна која секојдевно ја консумираме. Која е причината за намалувањето на бројот на пчели? Главна причина е недостатокот на доволен број медоносни растенија, но и загаденоста на водните екоситеми. Загадената почва дава загадени растенија, екстремни температури, монокултури како и разни видови болести и паразити се причинители на намалувањето на бројот на пчелите. Сепак, глaвниот причинител кој доведува до изумирање на колониите на пчели е употребата на пестициди во земјоделието и овоштарството. Како да им помогнеме на пчелите? Доколку сакаме да живееме во средина со богат биодиверзитет треба да превземеме сè што е во наша моќ да ги сочуваме пчелите и им ја олесниме работата бидејќи не зависат тие од нас, туку ние од нив. Најлесен начин да им се помогне на пчелите е садењето медоносни растенија и избегнувањето на употреба на хербициди. Да не се загадуваат растенијата со непотребно прскање со пестициди или ако веќе мораме да ги прскаме, да користиме органскки пестициди. ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU Пчелите не се страшни, страшен би бил светот без пчели! Arılar tüm dünya için önemlidir. Bitkilerin tozlaşmasına ve üremelerine yardımcı olurlar. Bu bitkiler bize her gün tükettiğimiz besinleri veriyor. Arı sayısındaki azalmanın sebebi nedir acaba?Bunun başlıca nedeni yeterli sayıda bal bitkisinin olmaması, aynı zamanda su ekosistemlerinin kirlenmesidir. Kirli toprak, kirli bitkiler üretir, aşırı sıcaklıklar, monokültürlerin yanı sıra çeşitli hastalık türleri ve parazitler, arı sayısındaki azalmanın nedenleridir. Ancak arı kolonilerinin yok olmasına asıl sebep, tarım ve meyvecilikte pestisitlerin kullanılmasıdır. Arılara nasıl yardımcı olabiliriz? Zengin biyolojik çeşitliliğe sahip bir çevrede yaşamak istiyorsak, arıları korumak ve işlerini kolaylaştırmak için elimizden gelen her şeyi yapmalıyız çünkü onlar bize değil, biz onlara bağlıyız. Arılara yardım etmenin en kolay yolu bal bitkileri dikmek ve herbisit kullanmaktan kaçınmaktır. İlaçlama gerekiyorsa organik ilaç kullanmamız gerekir. Gereksiz yere ilaçlama yaparsak bitkileri zehirleriz Arılar korkutucu değil, tam tersine arısız bir dünya korkunç olurdu! ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU Како изгледаат пчелите? Како да ги разликуваме од другите, слични инсекти? Телото на пчелите се состои од три главни делови: глава, граден дел и заден дел на телото. Од градниот дел излегуваат нозете. Има шест нозе, по три на секоја страна од телото. Пчелите имаат четири крилја, по две на секоја страна од телото. На главата имаат вкупно 5 очи: две поголеми и три помали очи. Двете големи очи лесно се воочуваат, додека трите помали (т.н. „прости очи“) можеме да ги видиме дури кога ќе се загледаме во главата на пчелата. На главата се наоѓаат и антените, многу важен сензорен орган на пчелите. Со нивна помош, пчелите можат да почувствуваат различни дразби од надворешното опкружување - вибрации, мирис, хемиски супстанци, па дури и електрично поле. Деловите на телото на пчелата Глава Антени Очи Устен апарат Нозе Arılar nasıl görünüyor? Onları diğer benzer böceklerden nasıl ayırt edebilirim? Arıların vücudu baş, göğüs ve karın olmak üzere üç bölümden oluşmaktadır. Bacaklar göğüsten çıkar. Vücudunun her iki tarafında üçer tane olmak üzere altı bacağı vardır. Vücutların her iki yanında ikişer tane olmak üzere dört kanadı vardır. Başlarında toplam 5 göz vardır: ikisi büyük, üçü küçük. İki büyük gözü kolayca görebilirken, üç küçük gözü ("basit gözler" olarak adlandırılır) ancak arının kafasına baktığımızda görebiliriz. Çok önemli bir duyu organı olan Antenler kafanın üzerinde bulunur. Arılar, onların yardımıyla dış ortamdan çeşitli uyaranları hissedebilir - titreşimler, kokular, kimyasal maddeler ve hatta bir elektrik alanı. Arının vücudunun bölümleri Baş, antenler, Gözler ,Ağız kısımları ,Bacaklar (vücudun her iki yanında 3'er ayak olmak üzere toplam 6 ayak vardır) Sırt Kanatlar (Vücudun her iki yanında 2'şer olmak üzere toplam 4 kanat) Göğüs ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU Важноста на Пчелите- Arıların Önemi ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU Медните пчели се дел од редот на “Hymenoptera” инсекти каде се вбројуваат и бумбари, оси, мравки. Што можеме да научиме од пчелите? Проучувањето на пчелите помага во проширување на областите од науката за која учат дури и учениците основци. Како на пример: Пчелите се витален дел од структурата на човековиот ланец на исхрана. Дури 1/3 од храната која ја јадеме не би била достапна доколку ги нема пчелите. И пчелите, како и останати инсекти, се дел од ланецот на исхрана на животните. Социјалниот живот на медните пчели отсликува контроверзна замисла за структурата на општествата во светот. Алатките со помош на кои пчелите го собираат медот а се лоцирани на делови од нивното тело, се всушност само пример за нивна адаптација кон условите на природата и еволуција. Производите како што се медот, поленот, саќето и прополисот наоѓаат суштинска и нутритивна вредност во медицината и производствените апликации. Пчелите имаат суштинска улога во генетиката и медицината како и во одржливиот развој. Гените кои досега се утврдени дека биле предмет на еволуција кај животните се од врвно значење на развојот и иднината на човекот, исто така. За жал, на пчелите им се заканува опасност од исчезнување како резултат на влијанијатa од нашата животна средина. Индустријализмот и денешната човекова технологија продолжува да ја разнишува природната и сигурна средина и опстанок на бумбарите и медните пчели со таков размер, што им се дава мала шанса за нивно размножување. Но ајде за момент да ја оставиме реалноста настрана, и да се задржиме на медните производи, кои се полезни за нашето здравје и благосостојба. ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU Bal arıları, yaban arıları ve karıncaları içeren "Hymenoptera" böcek takımının bir parçasıdır. Arılardan ne öğrenebiliriz? Arıları incelemek, ilkokul öğrencilerinin bile öğrendiği bilim alanlarını genişletmeye yardımcı olur. Örneğin: • Arılar, insan besin zinciri yapısının hayati bir parçasıdır. Arılar olmasaydı yediğimiz besinin 1/3'ü bile olmazdı. • Diğer böcekler gibi arılar da hayvanların besin zincirinin bir parçasıdır. • Bal arılarının sosyal hayatı, dünyadaki toplumların yapısı hakkında tartışmalı bir görüşü yansıtır. • Arıların vücutlarında bulunan ve bal toplamak için kullandıkları aletler, aslında onların doğa koşullarına uyum sağlamalarının – adaptasyonları ve evrimleşmelerinin sadece bir örneğidir. • Bal, polen, petek ve propolis gibi ürünler, tıp ve imalat uygulamaların temelidir ve besin değeri bulmaktadır. • Arılar, genetikte ve tıpta olduğu kadar sürdürülebilir kalkınmada da önemli bir role sahiptir. • Şimdiye kadar hayvanlarda evrim konusu olduğu tespit edilen genler, insanın gelişimi ve geleceği açısından da büyük önem taşımaktadır. Ne yazık ki, çevremizin etkileri sonucu olarak arılar yok olma tehlikesiyle karşı karşıyadır. Sanayileşme ve günümüzün insan teknolojisi, doğal ve güvenli çevreyi ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU ve bal arılarının hayatta kalmalarını, üreme şanslarını azaaltmaya ve bozmaya devam ediyor. Bir an için bile olsa gerçekleri bir kenara bırakalım ve sağlığımız ve esenliğimiz için faydalı olan bal ürünlerine odaklanalım. Освен медот на кој единствено помислуваме кога се спомнува медоносната пчела, во својата “лабораторија”, пчелите создаваат и други производи (матичен млеч, полен, прополис, медно саќе) кои претставуваат богатство, лековитост и хранливост и кои за нас луѓето се од суштествено значење. Во светот е општо прифатена следната констатација, пчелите произведуваат “нешто” што ниту хемичари, фармацеви, ниту технолози, или пак медицинари би биле во состојба да го создадат. Пчелните производи имаат сложен, комплексен состав со идеално избалансирани состојки кои синергистички делуваат и претставуваат катализатори и биостимулатори за човековиот организам. Да ги спомнеме накратко медните производи: Во составот на медот досега се идентификувани околу 180 материи (јаглехидрати, вода, органски киселини, азотни соединенија, обоени материи, ароматични материи, макроолиго- и микроелементи, витамини). Секоја лажичка мед претставува вистински арсенал од хемиски материи кои поседуваат огромна биолошка и профилактичка вредност. Медот е препорачлив за деца, спортисти, возрасни лица кои се занимаваат со тешка физичка или умствена работа, но и како додаток во исхраната односно како замена за шеќерот (во кафе, млеко, чај, цеден сок од лимон). Матичниот млеч е секрет од млечните жлезди (со млечнобела или светлокремова боја) на младите пчели работнички, со кој пчелите ги хранат своите ларви (ларвите на идните матици за време на целиот развој се хранат со млеч, а останатите од млечот добиваат само ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU првите три дена). Благодарение на оваа чудесна храна матицата импресионира со својата биолошка продукција и таа за еден ден може да положи дури 2.000 јајца, чија тежина трократно ја надминува нејзината сопствена тежина. Ваква продукција не е позната на друго место во живиот свет. Поленот ги претставува машките полови клетки на цветните растенија. Во неговиот состав се вбројуваат: протеини, слободни аминокиселини, шеќери, минерални материи, витамини, хормони, масти, ароматични материи и секако, вода. Посебно значајно е тоа што во неговиот состав се вклучени СИТЕ 20 аминокиселини, кои влегуваат во составот на човековиот организам. Прополис е производ кој пчелите го произведуваат со собирање на смолести материи од пупките на некои растенија (врба, топола, бреза, ела) и со додавање на восок и секрет од нивните жлезди. Покажува бактерицидни, антибиотички и антипротеолитички својства. Во него се идентификувани повеќе од 80 различни супстанци, од кои познати се: флавони, ароматични материи, балзами, минерални материи, органски киселини. Bal arısı denilince aklımıza gelen tek şey olan bal dişinda arılar kendi "laboratuvarlarında" zenginlik, şifa ve beslenmeyi temsil eden ve bizim için faydalı olan başka ürünler de (kral sütü, polen, propolis, petek) oluştururlar. İnsan için çok önemli.. Arılar ne kimyagerlerin, ne eczacıların, ne teknisyenlerin, ne de tıp doktorlarının yaratamayacakları "bir şey" üretirler. Arı ürünleri, sinerjistik olarak hareket eden ve insan organizması için katalizörleri ve biyostimülatörleri temsil eden ideal olarak dengelenmiş bileşenlere sahiptir. Bal ürünlerinden kısaca bahsedelim: • Balın bileşiminde bugüne kadar yaklaşık 180 madde tespit edilmiştir (karbonhidratlar, su, organik asitler, azotlu bileşikler, renkli maddeler, aromatik maddeler, makro-oligo- ve mikro elementler, vitaminler). Her bir çay kaşığı bal, muazzam biyolojik ve koruyucu değere sahip gerçek bir kimyasal madde cephaneliğini temsil eder. Bal, ağır fiziksel veya zihinsel çalışma yapan çocuklar, sporcular ve yetişkinler için, aynı zamanda bir besin takviyesi olarak, yani şeker yerine (kahve, süt, çay, sıkılmış limon suyunda) önerilir. ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU Arı sütü, genç işçi arıların meme bezlerinden (süt beyazı veya açık krem renginde) salgılanan ve arıların larvalarını beslediği bir salgıdır (gelecekteki kraliçelerin larvaları tüm gelişimleri boyunca sütle beslenir ve geri kalanı sütle beslenir). süt sadece ilk üç gün alır). Bu mucizevi besin sayesinde biyolojik üretimiyle göz dolduran kraliçe, günde kendi ağırlığının üç katından fazla olan 2.000 kadar yumurta bırakabilmektedir. Böyle bir üretim canlılar dünyasında başka hiçbir canlıda bilinmiyor ve görülmemiştir. • Polen, çiçekli bitkilerin erkek eşey hücrelerini temsil eder. Bileşimi şunları içerir: proteinler, serbest amino asitler, şekerler, mineraller, vitaminler, hormonlar, yağlar, aromatik maddeler ve tabii ki su. Bileşiminin, insan organizmanın bileşimine-yapısında bulunan tüm 20 amino asidi içermesi özellikle önemlidir. • Propolis, arıların bazı bitkilerin (söğüt, kavak, huş, köknar) tomurcuklarından reçinemsi maddeleri toplayarak ve bezlerinden balmumu ve salgı ekleyerek ürettikleri bir üründür. Bakterisidal, antibiyotik ve antiproteolitik özellikler gösterir. İçinde bilinen 80'den fazla farklı madde tanımlanmıştır: flavonlar, aromatik maddeler, balsamlar, mineral maddeler, organik asitler. Интересни факти за пчелите 1. ВРЕДНИ ПЧЕЛКИ Околу 80% од дивите растенија и околу 75% од најважните култури зависат од опрашувањето кое го прават животните. Секој наш трет залак зависи од опрашувачите. Интересно е што некои растенија кои имаат способност за самооплодување или се опрашуваат од ветер, формираат поголеми и посочни плодови доколку дополнително се опрашуваат со помош на опрашувачите.. 2. ТУКА ЖИВЕАМ И НАВИСТИНА МИ Е УБАВО! Пчелите може да ги најдеме на различни места, а некои од нив се навистина изненадувачки. Еве неколку примери за тоа каде пчелите прават гнезда: во мочуришните живеалишта, на чакалните подлоги, во песочните дини, варовничките наслаги, пустари, во влажни живеалишта, варовнички ливади, рудници на чакал, морски карпи, во шуплите стебленца на растенијата... 3. ВО ПРИРОДАТА СЕ‘ СЕ ИСКОРИСТУВА ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU Дали сте знаеле дека постојат пчели кои своите гнезда ги прават во празните куќички на полжавите? Кога ќе ја исчистат куќичката, следат понатамошни подготовки – носење храна и положување на јајцата. Секое јајце ќе се најде во посебно „сопче“ од куќичката. На крајот, отворот од куќичката на полжавот ќе го затвори со мешавина од кал и каменчиња, и ќе ги остави своите бебиња така да ја поминат зимата. Следната година оттаму ќе излезат возрасни пчели и циклусот ќе почне од почеток. И затоа, кога шетате низ природа, внимавајте да не згазнете некој полжав – внатре можеби живее некој полжав, а можеби има и гнезденце на некоја пчела! 4. ВРАЌАЊЕ ВО ЖИВОТОТ Ако најдете пчела која изгледа како да се бори за живот, можно е таа само да се одмара, всушност. Меѓутоа, ако сметате дека сепак и‘ е потребна помош, можете нежно да ја поставите на некој медоносен цвет во близина. Ако во опкружувањето немате такво цвеќе, помешајте 50/50 бел шеќер и вода за да и‘ дадете енергија која и‘ е потребна за летот. Преместете ја оваа мешавина на некое засолнето место надвор и едноставно понудете и‘ неколку капки од оваа шеќерна мешавина (не ја внесувајте пчелата во затворен простор), а потоа дајте и‘ време да се опорави. Не е препорачливо да се користи кафеав шеќер, бидејќи пчелите потешко го варат, а не им давајте ни мед, бидејќи може да содржи патогени 5. НЕСЕКОЈДНЕВЕН ДЕЛИКАТЕС – ЧОВЕЧКАТА ПОТ Некои видови на пчели уживаат да се почестат со малку човечка пот. Да, добро прочитавте. Доколку забележите пчелка која слетела на вас, немојте веднаш да се уплашите и да ја избркате. Набљудувајте. Тие не се агресивни и нема да ве убодат (до убод доаѓа само ако ја притиснете со рака). Набљудувајте како нејзиното мало јазиче се појавува од усниот апарат и ја допира вашата кожа. Зошто да не ја нагостите, ништо нема да ве чини! 6. .НЕ ДВЕ, ТУКУ ЧЕТИРИ КРИЛЈА ИМА ПЧЕЛАТА На секоја страна на телото постои едно поголемо и едно помало крило. За време на летењето доаѓа до нивно спојување со помош на малечки, скоро невидливи кукички кои се наоѓаат на работ на крилјата. На овој начин се формира поголемата површина и овозможува подобро летење. Кога пчелата ќе слета на некоја површина, крилјата се одвојуваат. 7. МОЈО КРЕВЕТ Е НАЈУБАВ Медоносните пчели и повеќето бумбари навечер одат во своите колонии, таму да ја поминат ноќта. Што прават останатите пчели? Женките на повеќето видови навечер спијат ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU во гнездото кое го подготвуваат за положување на јајцата, додека мажјаците ноќта ја поминуваат стуткани, некаде во вегетацијата – во цвеќето или закачени за гранчињата или стебленцата од растенијата. Ако внимателно набљудувате, особено рано наутро додека уште не е стоплено, можеби ќе ја имате таа среќа да ги здогледате кога спијат, бидејќи тоа е посебна глетка! Само мажјаците на медоносните пчели угинуваат веднаш после парењето. Мажјаците од останатите видови може да се парат повеќепати. 8. ЗИМСКИ СОН Каде се пчелите за време на зимата? Зависи за кој вид на пчела зборуваме. Медоносните пчели зимата ја поминуваат во кошница. Работничките формираат топка околу матицата (таканареченото „клубе“) и така ја греат цела зима. За време на зимскиот период не излегуваат од кошницата и освен грееење во колонијата нема многу други активности. А што јадат? Па, имаат зимница во вид на залихи од мед. Има пчели кои зимата ја поминуваат стуткани на некое скришно место во хибернација (хибернација, зимски сон – период на мирување за време на кој физиолошките процеси се сведени на минимум). Што прават солитарните пчели за време на зимата? Повеќете солитарни пчели не ни ја дочекува зимата! После парењето, подготвување на гнездото, положување на јајцата и обезбедување храна за своите потомци, сите возрасни единки едноставно угинуваат. Зимите ги преживуваат единствено нивните бебиња во фаза на мирување, стуткани во своите гнезда. 9. ПАМЕТНА ГРУПИЧКА Бумбарите имаат мозок со големина на зрно од афион. Имајќи го во предвид тоа, скоро е неверојатно како научниците успеале да ги дресираат бумбарите да погодуваат гол во „пчелниот фудбал“ во замена за сладок деликатес. Прилично медено! 10. НЕ УГИНУВААТ СИТЕ ПЧЕЛИ ОТКОГА ЌЕ УБОДАТ НЕКОГО Податокот дека пчелите угинуваат после прободувањето е вистинит само во случајот на пчелите работнички од видот на медоносните пчели. Нивната боцка (осилото) е „назабена“ и после убодот таа останува заглавена во кожата на прободеното лице, и со себе го повлекува и делот од утробата, поради што и настапува нејзината смрт. Сите други видови пчели немаат вакво осило и можат да прободат повеќе пати. Инаку, мажјаците на ниеден вид на пчела немаат осило, па и не можат да прободат. 11. КРАЛСКАТА ВЕЧЕРА Кога матицата од една кошница ќе угине, пчелите работнички многу брзо ќе си „создадат“ нова кралица. Како се создава новата матица? Работничките на избраната ларва ќе и‘ даваат специјална храна, која ја нарекува „матичен млеч“, и од неа ќе се развие нова ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU матица. Значи, дали од една иста ларва ќе се развие работничка или матица зависи од храната со која ја хранат! 12. И БУМБАРИТЕ ПРАВАТ МЕД! Дали сте знаеле дека и бумбарите прават мед? Нивните колонии се едногодишни, па немаат потреба да прават поголеми залихи, но секако прават мед. А знаете ли каде го чуваат? Медот го чуваат во мали комори кои изгледаат како мали грниња! 13. ПЧЕЛКЕ, КОЛКУ ГОДИНИ ИМАШ? Колку долго живеат пчелите? Повеќето пчели во возрасен степен на развој не живеат долго - само неколку недели! Живеат таман толку колку што им е потребно за парење, правење гнезда и за полагање јајца. Меѓутоа, постојат и видови кои како возрасни единки живеат неколку месеци (на пример, бумбарите и пчелите дрвенарки), но и оние кои живеат неколку години (на пример, матицата на медоносните пчели). Значи, одговорот на ова прашање е разновиден, токму како и пчелите! 14. ПЧЕЛИ КУКАВИЦИ Сигурно сте слушнале за птиците кукавици кои своите јајца ги снесуваат во туѓи гнезди? Може да ве изненади податокот дека и во светот на пчелите го има истото! Пчелите кои ги положуваат јајцата во туѓи гнезда ги нарекуваме паразитски пчели, поточно клептопаразитски пчели. Откога вешто ќе се прикрие во гнездото на некој друг вид на пчели,клептопаразитската женка ги положува јајцата и си оди. Што се случува понатаму? Нивните ларви ќе ја изедат сета храна од гнездата, бидејќи се развиваат побрзо од ларвите на пчелата „домаќин“, па ларвата на домаќинот пчела е осудена на смрт. Колку и да ви звучи ова сурово, не им се лутете на клептопаразитските пчели. Се‘ е тоа дел од животот во природата. 13. ТАНЧЕРКИ Медоносните пчели помеѓу себе комуницираат со придвижување на телата кое често го нарекуваме „пчелен танц“. Со негова помош работничките многу ефикасно си пренесуваат информации една на друга за локацијата и оддалеченоста на изворот на храна и на другите ресурси. 14. ОД ШТО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ МЕДОТ? Медоносните пчели собираат нектар од цвеќето и го чуваат во посебен дел од стомакот. Таму нектарот се меша со ензимите кои ги создава пчелата. На крајот, оваа смеса се сместува во посебни помали комори внатре во пчелната колонија (кошница). Со мавтање на крилјата, пчелите го забрзуваат испарувањето на водата, што доведува до згуснување ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU и создавање на медот. Значи, медот е уникатна мешавина од растителни и пчелни „сокови“. 15. ПЧЕЛИТЕ ГИ САКААТ МРЗЛИВИТЕ ГРАДИНАРИ! Секој од нас може да направи нешто што ќе им помогне на пчелите. На пример, можеме да ја уредиме својата градина или тераса така што ќе им обезбедиме на пчелите храна и место за вгнездување. Зголемувањето на количината на храна за пчелите не мора да не‘ чини многу - не е неопходно да купуваме медоносни растенија, доволно е да ги поттикнеме некои од многуте самоникнати видови што пчелите ги обожаваат (на пример, глуварчето, мртвата коприва, луцерката или белата и црвената детелина). Исто така, кога ги косиме нашите тревници, треба да ги косиме во фази, а не целата површина одеднаш. Ова се нарекува мозаик тип на косење. На овој начин пчелите ќе имаат што да јадат додека не се обнови вегетацијата на делот кој сме го искосиле. Ваков начин на одржување на тревникот многу ќе им значи и на другите корисни организми, не само на пчелите. Значи, доволно е повеќе време да поминувате опуштајќи се во својата градина, а помалку трудејќи се се‘ да биде под конец. За тоа пчелите ќе ви бидат благодарни! 16. И ПЧЕЛИТЕ СЕ ПОТПИРААТ НА СООБРАЌАЈНАТА МРЕЖА Замислете дека морате да патувате до некоја далечна локација, а никаде да нема патишта кои би ви го олеснеле движењето. Вака се чувствуваат пчелите во денешниот свет. Природните живеалишта се во голема мера изменети или целосно уништени, благодарејќи на луѓето, а познато е дека пчелите, особено оние поситните, не можат да прејдат поголеми растојанија без одмор и освежување. Поради тоа, поврзувањето на поволните живеалишта е многу важно – тоа им овозможува на пчелите (и другите живи суштества) да се движат во просторот и да не бидат изолирани. Таканаречените пчелни коридори претставуваат креативно и убаво решение таму каде живеалиштата се уништени и фрагментирани. Тоа се всушност „патиштата за инсекти“, кои минувајќи низ селата и градовите ги поврзуваат постоечките природни предели, создавајќи така мрежа на поволни живеалишта. Arılar hakkında ilginç gerçekler 1. DEĞERLİ ARILAR Yabani bitkilerin yaklaşık %80'i ve başlıca yetiştirilen kültür bitkilerin yaklaşık %75'i hayvanların tozlaşmasına bağlıdır. Yediğimiz her üçüncü lokma tozlayıcılara bağlıdır. İlginçtir ki, kendi kendini dölleme yeteneğine sahip olan veya rüzgarla ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU tozlaşan bazı bitkiler, tozlayıcılar yardımıyla ek olarak tozlanırsa daha büyük ve daha sulu meyveler oluşturur. 2. BURADA YAŞIYORUM VE GERÇEKTEN GÜZEL! Arılar farklı yerlerde bulunabilir ve bazıları gerçekten şaşırtıcıdır. İşte arıların yuva yaptığı yerlere bazı örnekler: bataklık habitatlarda, çakıllı yüzeylerde, kum tepelerinde, kireçtaşı yataklarında, çorak arazilerde, ıslak habitatlarda, kireçtaşı çayırlarında, çakıl madenlerinde, deniz kayalıklarında, bitkilerin içi boş gövdelerinde... 3. DOĞADA HERŞEY KULLANILIR Salyangozların boş kabuklarında yuva yapan arılar olduğunu biliyor muydunuz? Evi temizlediklerinde, daha fazla hazırlık yapılır - yiyecek getirmek ve yumurtlamak. Her yumurta evin ayrı bir "hücresinde" bulunacaktır. Sonunda salyangoz, salyangozun evinin ağzını çamur ve çakıl karışımıyla tıkayacak ve yavrularını kışı geçirmeleri için orada bırakacaktır. Gelecek yıl oradan yetişkin arılar çıkacak ve döngü baştan başlayacak. İşte bu yüzden, doğada yürürken salyangozun üzerine basmamaya dikkat edin - içeride yaşayan bir salyangoz olabilir ve hatta bir arı yuvası bile olabilir! 4. HAYATA DÖNÜŞ Yaşam mücadelesi veriyormuş gibi görünen bir arı bulursanız, aslında sadece dinlenmesi muhtemeldir. Ancak, hala yardıma ihtiyacı olduğunu düşünüyorsanız, onu nazikçe yakındaki bir bal çiçeğinin üzerine koyabilirsiniz. Eğer çevrenizde böyle bir çiçek yoksa 50/50 beyaz şeker ve suyu karıştırarak uçması için ihtiyaç duyduğu enerjiyi ona verin. Bu karışımı dışarıda korunaklı bir yere taşıyın ve bu şeker karışımından birkaç damla verin (arıyı içeriye getirmeyin), sonra iyileşmesi için zaman verin. Arıların sindirmesi daha zor olduğu için kahverengi şeker kullanılması önerilmez ve patojen içerebileceği için onlara bal da vermeyin. 5. OLAĞANÜSTÜ HASSAS – İNSAN TERİ Bazı arı türleri, biraz insan teriyle ziyafet çekmeyi sever. Evet, doğru okudunuz. Üzerinize konan bir arı fark ederseniz hemen korkup kovalamayın. Gözlemleleyin. Agresif değillerdir ve sizi sokmazlar (sokma sadece elinizle bastırırsanız meydana gelir). Küçük tırnağının ağızlıktan çıkıp teninize değmesini izleyin. Neden onu tedavi etmiyorsun, sana hiçbir maliyeti olmayacak! 6. ARININ İKİ DEĞİL DÖRT KANATI VARDIR ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU Vücudun her iki tarafında birer büyük ve birer küçük kanat bulunur. Uçuş sırasında kanatların kenarlarında bulunan küçük, neredeyse görünmez kancaların yardımıyla bir araya gelirler. Bu sayede daha geniş yüzey oluşur ve daha iyi uçuş sağlar. Arı bir yüzeye konduğunda kanatları ayrılır. 7. BENİM YATAK EN GÜZELDİR Bal arıları ve bombus arılarının çoğu, geceyi orada geçirmek için kolonilerine giderler. Diğer arılar ne yapıyor? Çoğu türün dişileri geceleri yumurtlamak için hazırladıkları yuvada uyurken, erkekler geceyi bitki örtüsünün bir yerinde çiçeklerin arasında veya bitki dallarına veya saplarına yapışık olarak - kıvrılmış halde geçirirler. Dikkatli bakarsanız, özellikle sabahın erken saatlerinde, hava hala sıcakken, onları uyurken bir anlığına yakalayacak kadar şanslı olabilirsiniz, çünkü bu özel bir manzaradır! Sadece erkek bal arıları çiftleşmeden hemen sonra ölürler. Diğer türlerin erkekleri birden çok kez çiftleşebilir. 8. KIŞ UYKUSU Kışın arılar nerede uyur ? Hangi arı türünden bahsettiğimize bağlı. Bal arıları kışı kovanda geçirirler. İşçiler, kraliçenin ("kulüp" denilen) etrafında bir top oluşturur ve böylece onu tüm kış boyunca sıcak tutar. Kış döneminde kovandan dışarı çıkmazlar ve kolonide ısınma dışında pek bir aktivite yapmazlar. Ve ne yerler? Bal kaynağı şeklinde kış depoları var. Kışı gizli bir yerde kış uykusunda (kış uykusu, kış uykusu - fizyolojik süreçlerin en aza indirildiği bir dinlenme dönemi) geçiren arılar vardır. Yalnız arılar kışın ne yapar? Yalnız arıların çoğu kışı beklemez! Çiftleşmeden, yuvayı hazırladıktan, yumurtladıktan ve yavrularına yiyecek sağladıktan sonra, tüm yetişkinler ölür. Sadece yuvalarında uyuyan yavruları kışı geçirir. 9. AKILLI GRUP Bombus arılarının haşhaş tohumu büyüklüğünde beyinleri vardır. Bunu bilerek , bilim adamları yaban arılarını tatlı bir yiyecek karşılığında "arı futbolunda" gol atmaları için eğitmeyi başarmışlar. Inanılmaz ve oldukça tatlı! 10. BÜTÜN ARILAR BİRİNİ SOKARSA ÖLMEZ Arıların soktuktan sonra öldüğü gerçeği, yalnızca bal arısı türünden işçi arılar için geçerlidir. Dikenleri (iğneleri) "tırtıklıdır" ve sokmadan sonra sokulan kişinin derisine takılıp kalır ve , bu yüzden ölür. Diğer tüm arı türleri bu iğneye sahip ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU değildir ve birden çok kez sokabilirler. Hiçbir arı türünün erkeklerinde iğnesi yoktur, dolayısıyla sokamazlar. 11. KRALİYET YEMEĞİ Bir kovanın kraliçesi öldüğünde, işçi arılar çok hızlı bir şekilde yeni bir kraliçe "yaratırlar". Yeni matris nasıl oluşturulur? İşçiler seçilen larvaya "kraliyet sütü" adını verdiği özel bir yiyecek vererek ve ondan yeni bir kraliçe gelişecek. Yani, aynı larvanın bir işçiye mi yoksa bir kraliçeye mi dönüşeceği, beslendiği yiyeceğe bağlıdır! 12. Bombus arıları da bal yapar! Bombus arılarının da bal yaptığını biliyor muydunuz? Kolonileri yıllıktır, dolayısıyla büyük stok yapmalarına gerek yoktur ama bal yaparlar tabii ki. Ve onu nerede tuttuklarını biliyor musun? Balı küçük çömlek gibi görünen küçük haznelerde tutuyorlar! 13. ARI, KAÇ YAŞINDASIN? Arılar ne kadar yaşar? Yetişkinlik aşamasındaki çoğu arı uzun yaşamaz - sadece birkaç hafta! Sadece çiftleşmeleri, yuva yapmaları ve yumurtlamaları gerektiği sürece yaşarlar. Bununla birlikte, yetişkinler olarak birkaç ay yaşayan türler de vardır (örneğin, bombus arıları ve marangoz arılar), aynı zamanda birkaç yıl yaşayanlar da vardır (örneğin, bal arılarının kraliçesi). Yani bu sorunun cevabı çeşitlidir, tıpkı arılar gibi! 14. Guguk arıları Yumurtalarını başkalarının yuvalarına bırakan guguk kuşlarını duymuşsunuzdur herhalde? Aynı şeyin arılar dünyasında da geçerli olmasına şaşırabilirsiniz! Yumurtalarını başkalarının yuvalarına bırakan arılara asalak arılar veya daha doğrusu kleptoparazit arılar denir. Kleptoparazitik dişi, başka bir arı türünün yuvasına ustaca gizlendikten sonra yumurtalarını bırakır ve ayrılır. Sonra ne olur? Larvaları yuvalardaki tüm yiyecekleri yiyecektir, çünkü "ev sahibi" arının larvalarından daha hızlı gelişirler, bu nedenle ev sahibi arının larvası ölüme mahkumdur. Kulağa ne kadar sert gelse de, kleptoparazitik arılara kızmayın. Hepsi doğada yaşamın bir parçası. 13. DANSÇILAR Bal arıları, genellikle "arı dansı" dediğimiz vücutlarını hareket ettirerek birbirleriyle iletişim kurarlar. Onun yardımıyla dişi işçiler, gıda gibi çiçeklerin ve ИНТЕРЕН ПРИРАЧНИК – ПЧЕЛАРСТВО ARICILIK KILAVUZU diğer kaynakların konumu ve uzaklığı hakkında bilgileri çok verimli bir şekilde birbirlerine iletirler. 14. BAL GERÇEKTE NEDEN YAPILIR? Bal arıları çiçeklerden nektar toplar ve karınlarının özel bir bölümünde depolarlar. Orada nektar, arının ürettiği enzimlerle karışır. Son olarak, bu karışım arı kolonisi (kovan) içindeki ayrı küçük bölmelere yerleştirilir. Arılar kanatlarını çırparak suyun buharlaşmasını hızlandırır, bu da yoğuşmaya ve bal oluşumuna yol açar. Yani bal, bitki ve arı "sularının" eşsiz bir karışımıdır. 15. ARILAR TEMBEL BAHÇIVANLARI SEVİYOR! Hepimiz arılara yardım etmek için bir şeyler yapabiliriz. Örneğin arılara yiyecek ve yuvalama yeri sağlayarak bahçemizi veya terasımızı düzenleyebiliriz. Arılar için yiyecek miktarını artırmak bize çok pahalıya mal olmak zorunda değil - bal bitkisi satın almak gerekli değil, arıların sevdiği birçok yabani türü (örneğin karahindiba, ısırgan otu, yonca) teşvik etmek yeterli. veya beyaz ve kırmızı yonca). Ayrıca çimlerimizi biçerken tüm alanı birden değil, kademeli olarak biçmeliyiz. Buna mozaik biçme türü denir. Bu sayede biçtiğimiz kısımdaki bitki örtüsü yenilenene kadar arılar yiyecek bir şeyler bulacaktır. Çimlerin bu şekilde bakımı sadece arılar için değil diğer faydalı organizmalar için de çok şey katacaktır. Bu nedenle, bahçenizde dinlenmek için daha fazla zamanınız olacak ve her şeyi düzene sokmak için daha az zaman gerekecektir. Arılar bunun için size teşekkür edecek! 16. ARILAR TRAFİK AĞINA DA GÜVENİR Uzak bir yere seyahat etmeniz gerektiğini ve hiçbir yerde trafik levhaları olmadığını hayal edin. Günümüz dünyasında arılar da böyle hissediyor. Doğal yaşam alanları insanlar nedeniyle büyük ölçüde değiştirilmiş veya tamamen yok edilmiş olup, özellikle küçük arıların dinlenmeden ve beslenmeden uzun mesafeler uçamayacakları bilinmektedir. Bu nedenle, uygun yaşam alanlarını birbirine bağlamak çok önemlidir - arıların (ve diğer canlıların) havada ve karada hareket etmesine ve izole edilmemesine sağlar. Arı koridorları, habitatların yok edildiği ve parçalandığı durumlarda yaratıcı ve güzel bir çözüm olabilir. Bunlar aslında köy ve kasabalardan geçen ve mevcut doğal ortamları birbirine bağlayan ve böylece uygun habitatlardan oluşan bir ağ oluşturan "böcek yolları" dır.