ИЗРАБОТИЛЕ: Лидер: Глорија Бошковска Теа Богданоска Матеа Алебиќ Тема Андреа Алексиќ Давид Аврамоска “Алкохолизам” Дамјан Бабунски Алкохолизмот е болест која се лекува, доколку се препознае навреме. Процесот на лекување е долг и единствениот лек е доживотна апстиненција од алкохол. Секој може да стане зависник од алкохол независно од пол, возраст или социјална класа. Многу често, алкохолизмот е маскиран со бурен социјален живот, кога се гледа само веселата страна од оваа зависност, но тој често може да биде тежок, а воедно и опасен за животот на алкохоличарот но и за луѓето околу него. Алкохоличарите не можат да го контролираат своето пиење дури ниту кога алкохолот станува директна причина за сериозна штета, вклучувајќи медицински заболувања, брачни проблеми, загуба на работата. Bellows College 2 Причини поради кои некој посегнува по алкохол: Психолошкогенетички причини. Истражувањата покажуваат дека алкохолизмот се пренесува во семејствата – алкохоличарите имаат 6 пати поголеми шанси од неалкохоличарите да имаат роднина во семејството кој е зависник од алкохол. Факторите на средината кои можат да влијаат на развивањето на болеста се личното однесување, пријателските влијанија во раниот живот, однесувањето на родителите, социјални и културни мислења кон алкохолот, животен стрес и расположливоста со алкохолни пијалаци. Причини од средината. Bellows College 3 Не постои единствена причина што може да го објасни ризикот од алкохолизмот, но истражувачите веруваат дека тоа е деликатно и сложено преплетување на генетски и еколошки фактори. Како главни мотиви се: Зависноста има тенденција да се јавува постепено, пиењето премногу и редовно долго време може да предизвика физичка зависност од алкохол. Лесниот пристап како и околината во која една личност е опкружена со лица-зависници претставува дополнителна причина за посегнување по алкохол па се до целосна опседнатост. Особено кај депресијата или некои ментални нарушувања важна за зависниците е благосостојбата која доаѓа со секој следен внесен алкохол. Возраст – конзумирање на алкохол во раните години ја зголемува можноста за зависност од истиот и во понатамошниот живот; Bellows College Симптоми и знаци на алкохолизам • За жал, првите симптоми на проблемот со зависност од алкохол се толку благи што често остануваат незабележани. Во ваквите ситуации чести знаци се: гласно смеење и говорење, вртоглавица, нестабилно стоење, заматен вид, нејасни зборови, тенденција за брзо заспивање, можност за повраќање, насилно однесување; Знаци на зависност • Немате контрола врз количината. Прекумерност или неможност да се запре со пиење откако еднаш ќе започнете. • Поголема количина. Морате да пиете повеќе за да го добиете истиот ефект. • Голема толеранција на алкохол. Способност прогресивно да се пијат сè поголеми количества на алкохол без видливо опијанување. Bellows College 5 • Се чувствувате физички лошо ако не пиете. Кога ќе престанете со пиење имате болки во стомакот, се потите прекумерно, чувствувате тресење на телото и вознемиреност. • Сте се откажале од сите други активности. Не ве интересира ништо друго освен алкохол. Алкохолот веќе го презел начинот на живот, запуштајќи сè друго. • Вина. Чувствувате вина после пиење. • Пиете сами. Пиете сами и наутро, или пак поголем дел од денот сте пијани. • Имате физички знаци на зависност од алкохол. Губење на тежината, вознемирен стомак или гастритис, црвенило на носот и образите. Bellows College 6 Посериозни симптоми Одбивањето да се признае зависност е една од главните причини за задоцнета консултација со лекар а последиците вклучуваат и смрт. Подолгото искуство со алкохолот пријавува и посериозни симптоми како: • искашлување на крв; • неправилно и недоволно дишење; • ладна или бледа кожа; • кома; • Иако често се смета за стимуланс, вистината е дека алкохолот го депресира централниот нервен систем и има седативно дејство, особено при повисоки дози. По преголем внес на алкохол ваквите луѓе стануваат опасни и за средината во тој период. Се почесто тие се осудуваат кон предизвикување на сообраќајни несреќи, извршување на криминални дела вклучувајќи го и сексуалното злоставување, насилство, слаба професионалност на работното место, труење... • Од алкохолната активност најмногу страдаат органите од дигестивниот ситем а голем процент од карциномите се препишуваат токму на зависноста од алкохол. 7 Однесување кое означува злоупотреба на алкохол • Црни дупки. После пиење, не можете да се сетите што се случувало, односно имате „црни дупки“. • Ризично однесување. Пиење во ризични ситуации, на пример пред да влезете во автомобил. • Загрозување на здравјето. Продолжувате со пиење иако имате здравствени проблеми. • Неодговорност. Имате проблеми со завршување на обврските на работа или во училиште заради честото опивање. 8 Како што спомнавме во горе наведеното алкохолизмот е хронична болест во која телото станува зависно од алкохол,а алкохоличарите не можат да го контролираат својот однос со алкохолот и искуството за: • Силна и итна потреба за пиење; • Губење на контрола, т.е. неможност да престанете да пиете откако ќе започнете; • Физичка зависност со симптоми на повлекување; • Толеранција, односно потреба да се пие се повеќе и повеќе алкохол за да се почувствува неговиот ефект; Четири кретириуми врз основа на кои се оценува дали некој е алкохоличар Првиот критериум е т.н „губење на контрола“. Тоа значи дека лицето не може да застане за првата чаша, туку го влече да продолжи да пие додека не се опие. Тоа го нарекуваат и „феномен од првиот час“, со оглед на тоа што може да не пие со денови Вториот критериум е т.н „неможност за апстиненција“. Апстиненција значи да не се консумира ни најмала количина на алкохол. Луѓето кои го исполнуваат овој критериум не можат долго да издржат без пијалок Bellows College 10 Третиот критериум е т.н „филмска пауза“. На алкохоличарите често им се случува едноставно да не се сетат што правеле во алкохолизирана состојба, на пример, како и со кого поминале одредено време, како се вратиле дома итн Четвртиот критериум е т.н „зголемена толеранција“ (толеранција на алкохол). Алкохоличарите пијат просечно над половина литар жесток алкохол дневно. Честопати, сакајќи да докажат дека не се алкохоличари, наведуваат дека пијат над половина литар и не се опиваат, имаме спротивен процес кога се помалку алкохол ги опива и на крајот покажува знаци на пијанство и по 1-2 часа. Тоа е знак за тешко оштетување на целиот организам, Bellows College 11 Лекување Најдобрите методи за лекување на алкохолизмот варираат, зависно од поединечните медицински и лични потреби. Некои тешки алкохоличари кои го препозанаваат нивниот проблем се лекуваат сами од себе. Некои алкохоличари бараат долгорочна поединечна или групна терапија, која може да вклучи и хоспитализација. А сепак, некои воопшто не бараат третман. Овие луѓе кои бараат третман како резултат на комбинацијата од фактори, вклучувајќи го игнорирањето на симптомите на болеста, социјалниот страв од фактот дека ќе биде етикетиран од заедницата како алкохоличар и неволјата да прифати доживотна апстиненција од алкохол како една од целите на лекувањето. Bellows College 12 За некои алкохоличари, лекувањето почнува со детоксификација, која безбедно го ослободува пациентот од алкохолот во организмот, а во исто време ги лекува физичките компликации кои создаваат силни симптоми, како делириум тременс или алкохолно лудило. Детоксификацијата обично трае помалку од една недела, а за тоа време пациентите се сместени во специјална установа или посебен оддел од општата или психијатриската болница. Овие установи исто така нудат и продолжен третман за да се помогне на алкохоличарите во нивното закрепнување. Bellows College 13 Повеќето програми за лекување ефективно помагаат зависниците да престанат да пијат за некој период, но тие се помалку успешни во превенцијата на повторно враќање на пиењето. Програмите за третман обично содржат дел кој се фокусира да им помогне на алкохоличарите да ја разберат ситуацијата, чувствата и личните интеракции кои го предизвикуваат повторното пиење. Овие програми ги учат луѓето како да се снајдат со овие фактори без повторно да се вратат на пиењето. 14 ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ВНИМАНИЕТО !! Bellows College 15