Uploaded by glorijagoga2004

~ДЕЗИНФЕКЦИЈА~

advertisement
ШТО Е ДЕЗИНФЕКЦИЈА?
Глорија Бошковска II1зт бр6
 Дезинфекција е активност која опфаќа повеќе активности и постапки за: уништување, инхибирање на
растот и размножувањето на патогените микроорганизми на интактна површината на телото, во
секретите и екскретите, на предметите, материјалите и во просторот или одстранување на поголемиот
број на микроорганизми.
 Дезинфекција е превентивна хигиенско-санитарна мерка против бактерии и микроорганизми, кои
најчесто се причинители за инфекции и болести. Со дезинфекцијата, бактериите се отстрануваат или
се уништуваат со што се спречува нивната повторна појава.Дезинфекцијата најчесто се врши според
потребата. Поинаку кажано, се користат услови и услуги кои се потребни за да се пристапи на
проблемот. Исто така, во зависност од времето и условите на извршување, дезинфекцијата може да
биде:
 Тековна
 Завршна
Покрај оваа поделба, овој процес вклучува и хемиска, механичка и физичка дезинфекција. Хемиската
дезинфекција се врши со хемиски средства наречени дезинфектанти. Со механичките мерки се
отстрануваат бактериите од работните површини, простории за работа итн. Додека пак, со физичките
мерки се пристапува со сува или влажна топлина.
ПРОИЗВОДИ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА
 Дезинфекција на раце и кожа
 Брза и ефикасна дезинфекција на раце и кожа
Кожата и рацете се постојано изложени на контакт со различни микроорганизми. Со своето брзо дејство,
производите за дезинфекција од Dr. Schumacher се ефикасни против најголемиот број бактерии.
Делуваат и против сите обвиени вируси, ротавирусите иноровирусите. Безбедни се за секојдневна
употреба. Покрај дезинфекциската улога, средствата содржат и емолиенти за нега на кожата.
 Дезинфекција на површини
 Одржете ја хигиената на највисоко ниво
Dr. Schumacher во својата програма има производи за дезинфекција на површини кои се карактеризираат
со средства за чистење и дезинфекција со брзо дејство. Секое од нив е направено компатибилно со
различни материјали со што средствата наоѓаат примена во секоја област. Имаат бактерицидно и
вируцидно дејство.
 Дезинфекција на инструменти
 Отстранете ја контаминацијата на медицинските инструменти
Чистотата на медицинските инструменти е од особена важност за заштита од несакани инфекции. Дел од
палетата на производи на Dr. Schumacher е специјално создаден за оваа намена. Средствата се
формулирани за да можат да бидат компатибилни со различни материјали. Широкиот спектар на
средства за оваа намена се одликува со вируцидно и антибактериско дејство. Дел од нив инактивираат
вируси, а дел од нив се триензимски средства за отстранување на контаминација од протеини.
Download