ЕКГ за практичен испит физиологија 1 Мерење на електричните потенцијали на површината на кожата кои се јавуват за време на работата на срцето се вика електрокардиографија, а добиениот запис електрокардиограм (ЕКГ). Сензорите наречени електроди, се ставаат на кожата за да ја детектираат срцевата електрична активност. ЕКГ апаратот ја снима оваа активност на хартија, која се движи со што се добива всушност електрокардиограмот. Додека бранот на деполаризација во внатрешноста на срцевите клетки патува кон позитивната (кожна) електрода, се јавува позитивна (нагорна) дефлексија на ЕКГ. Главно кога ќе видите нагорен бран на ЕКГ, ќе знаете дека тој претставува бран на деполаризација што се движи кон позитивната електрода. Деполаризацијата се движи како бран низ миокардиумот. Како што овој бран ги стимулира срцевите миоцити, тие стануваат позитивни и се контрахираат. Бранот на деполаризација е започнат од синоатријалниот јазол (пејсмејкер) што се наоѓа во горно задниот ѕид на десната преткомора. Секој бран на деполаризација емитуван од синоатријалниот јазол се шири низ двете преткомори, создавајќи го P бранот на ЕКГ. Тоа значи дека P бранот ја претставува преткоморната деполаризација. (двете преткомори се контрахираат истовремено). Кога бранот на преткоморната деполаризација влегува во преткоморно-коморниот јазол, деполаризацијата се забавува , правејќи кратка пауза, со што дава време крвта од преткоморите да влезе во коморите. Бавното спроведување преку преткоморнокоморниот јазол се реализира преку калциумовите јони. (оттаму неопходната пауза на ЕКГ предизвикува рамна линија по секој P бран) Деполаризацијата се спроведува бавно низ преткоморно-коморниот јазол (бидејќи се одвива преку споро-движечките калциумови јони), но кога ќе дојде до коморниот спроводен систем, деполаризацијата поминува рапидно низ Хисовиот сноп, левата и десната главна гранка и нивните помали гранки, па така деполаризацијата брзо се пренесува до миоцитите на коморите. Хисовиот сноп и двете главни гранки, претставуваат снопови на рапидно спроведувачките Пуркиниеви клетки кои користат натриумови јони (брзо движечки) за спроведување на деполаризацијата. Крајните влакна на Пуркиниевите клетки, рапидно ја пренесуваат деполаризацијата на коморите и таа деполаризација на целиот коморен миокардиум создава QRS комплекс на ЕКГ. По QRS комплексот, доаѓа сегмент од хоризонталната основна линија познат како ST сегмент, а потоа се јавува Т бранот. Т бранот ја преставува фазата на реполаризација на коморите. Реполаризацијата ја остваруваат калиумовите јони напуштајќи ги миоцитите. Коморната систола (контракција) започнува со QRS и трае до крајот на Т бранот. Со оглед на тоа QT интервалот има клиничко значење. QT интервалот го претставува траењето на коморната систола. Срцевиот циклус е претставен со P бранот, QRS комплексот , T бранот и основната линија која следи се додека друг P бран не се појави. Овој циклус постојано се повторува. Проследете ја сликата: Снимање на ЕКГ ЕКГ се снима на обележана хартија. Најмалите поделоци се еден милиметар квадратен. Меѓу дебелите црни линии има 5 мали квадратчиња. На ЕКГ, во висина се мери волтажата во mV (јачината) на бранот (електричниот потенцијал), а во должина времетраењето на бранот, сегментот или интервалот во мислисекнуди (секунди). Нагорните дефлексии се нарекуваат позитивни , а надолните негативни дефлексии. Кога бранот на деполаризација напредува кон кожната електрода, тоа создава нагорна дефлексија на ЕКГ. Стандардното ЕКГ се состои од 12 одводи, 6 периферни и 6 прекордијални одводи. За да се добијат периферните одводи електродите се поставуваат на десната рака, левата рака и левата нога. За да се сними еден одвод потребен е еден пар од електроди. (различен пар се користи за секој одвод, + и -). Така со одбирање на различен пар електроди за секој одвод создаваме три одделни биполарни периферни одводи (одвод I, одвод II, одвод III). Се нарекуваат биполарни бидејќи секој стандарден одвод се состои од една позитивна и една негативна електрода. • Одвод I е направен со користење на електродата на десната рака (црвено) како негативна електрода и левата рака (жолто) електрода како позитивна. • Одвод II е направен со користење на електрода од десната рака (црвено) како негативна електрода и левата нога (зелено) како позитивна електрода. • Одводот III е направен со користење на електрода од левата рака како негативна електрода и електрода од левата нога како позитивна. Униполарни одводи се: AVR - десна рака позитивна AVL- лева рака позитивна AVF – лева нога позитивна електрода. Тие ја истакнуваат важноста на позитивната електрода. Брановите изгледаат различно во различни одводи, бидејќи срцевата активност се снима од различен агол за секој одвод. ЕКГ во биполарните и униполарните одводи е сличен во сите одводи, освен во aVR кој е генерално негативен (инверзен), односно има негативна дефлексија. Тоа е така бидејќи импулсот (деполаризацијата) патува кон коморите , односно подалеку од позитивната електрода која во овој случај се наоѓа на десната рака. Прекордијални одводи (V1-V6) – позитивната електрода се поставува на 6 различни позиции на градите. Прекордијалните електроди се секогаш позитивни! V1 V2 V4 V3 V5 V6 4ти интеркостален простор по должина на десната страна од стернум 4ти интеркостален простор лево над апекс (5ти интеркостален простор, средна клавикуларна линија ) на средина помеѓу V2 и V4 на исто ниво како V4 , но на предната аксиларна линија на исто ниво како V4 и V5, но на средната аксиларна линија Во одводите V1 и V2 имаме негативна дефлексија на QRS комплексот бидејќи прекордијалната електрода во тие одводи е поблиска до базата отколку до врвот на срцето (а бранот на деполаризација се шири од преткоморите кон врвот на срцето, односно кон коморите). Обратно пак, во V4, V5, V6 одводите се позитивни бидејќи прекордијалната електрода во тие одводи се наоѓа во близината на врвот на срцето. Важно : • Доколку електричниот импулс патува кон позитивната електрода на ЕКГ има позитивен одраз • Доколку импулсот патува подалеку од позитивната електрода тоа резултира со негативен одраз на ЕКГ Ритам - Ритмичност е кога секој нареден R забец се јавува после ист период (ист број на квадратчиња на ЕКГ) Најлесен начин е да земете парче харија на која ќе ги нанесете врвовите на секој R бран. Придвижете ја хартијата по должина на ЕКГ. Погледнете дали секој последователен R бран се совпаѓа со тој на хартијата. Доколку се совпаѓа тогаш ритамот е регуларен. Доколку не, тогаш е неправилен. Синус ритам Пред секој QRS мора да има P бран. (Доколку нема нормален P бран тогаш тоа не е нормален синус ритам) Фрекфенција на ЕКГ Пронајдете го R забецот чиј врв паѓа на дебелата црна линија. Следно одбројуваме 300, 150, 100 за првите три дебели црни линии кои следуваат по почетната линија. Следните три линии ги одбројуваме 75, 60, 50. Следната линија на која паѓа R забецот одредува која е фрекфенцијата. На пример ако следниот R забец падне на 75, фрекфенцијата е 75. Или: Избројте го бројот на големи квадрати помеѓу R брановите , т.е. RR интервалот помеѓу големите квадрати. Срцева фрекфенција = 300 поделено со RR (300:RR) Пр. RR = 4 големи квадрати 300/4 = 75 отчукувања во минута Синус брадикардија Фреквенција помала од 60 отчукувања во минута. Синус тахикардија Фреквенција поголема од 100 /минута.