Uploaded by b.jakimovska

Предности и недостатоци на регрутацијата преку социјални медиуми перцепција на регрутерите во меѓународни рамки

advertisement
УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ -СКОПЈЕ
ИНСТИТУТ ЗА СОЦИОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКО-ПРАВНИ
ИСТРАЖУВАЊА
ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ПО МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Идејна скица за магистарски труд
ТЕМА:
Предности и недостатоци на регрутацијата преку социјални медиуми:
перцепција на регрутерите во меѓународни рамки
Ментор:
Студент:
Доц. Д-р Марија Топузовска Латковиќ
Биљана Стефков (Јакимовска)
Мај, 2019
1
1
СОДРЖИНА
1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
Вовед
Предмет на истражување
Цели на истражувањето
Постоечки теоретски сознанија или истражувања
Хипотези или истражувачки прашања
Техники на истражување
Библиографија
2
1. ВОВЕД
Регрутација може да се дефинира како процес на привлекување индивидиуи во
даден временски рок, во одреден број и со соодветни квалификации и ставови,
како и охрабрување на истите да аплицираат на отворените позиции во
организацијата. (Armstrong, 1999 )
Традиционалнит процес на регрутација, може да биде долг и заморен за двете
страни потенцијалните вработени и компанијата, што ги поттикнува
работодавачите да пристапат кон наоѓање на нови креативни начини во процесот
на регрутација. Во последните децении со зголемената употреба на интернетот и
појавата на голем број на социјални медиуми, пронаоѓањето на соодветни кадри
преку истите станува секојдневие.
Работодавачите честопати користат интернет пребарувања, социjални веб
страници и социјални медиуми да испитаат детални јавни, а понекогаш и приватни
информации поврзани со кандидатит за работа. (H. Kristl Davison, 2016)
Меѓу најчестите причини за употребата на интернетот, односно социјалните
медиуми во процесот на регрутација, најчесто споменувани се заштеда на време и
финансии, подигнување на свесноста за компанискиот бренд, лесен пристап до
дополнителни информации за минати искуства на кандидатите и слично.
Линда Барбер истакнува дека главните двигатели на компаниите за употребата на
интернетот во процесот на регрутација се намалување на трошоци за процесот на
регрутација, намалување на админитративни потешкотии, и подобрување на
команискиот имиџ и профил. (Barber, 2006 )
Додека традиционалните биографии на кандидатите, содржат лимитиран број на
информации кои апликантот одбрал да ги приложи, употребата на социјални
медиуми ги отвора вратите на регрутерите и ги приближува до повеќе детали во
однос на работата, персоналитетот, интересите и сл., на потенцијалниот кандидат.
Всушност, во последните години, социјалните медиуми ја превземаа улогата на
канал за комуникација во двете насоки – од страна на компанииите кои ги
истражуваат потенцијалните кандидати, но и од страна на потенцијалните
кандидати (активни и пасивни) кои преку одредени социјални мрежи овозможуваат
подетален преглед на нивните професионални способности.
Социјални медиуми е група од Интернет-базирани апликации, кои се изградени
врз идеолошка и технолошка основа на Web 2.0, и кои овозможуваат создавање и
размена на генерирани содржини од страна на корисниците.
Во овој труд кога користиме социјални медуми, мислиме на социјални мрежи и
микроблогиниг, од кои најчести користени се:
3
Facebook (https://whatis.techtarget.com/definitions/A, n.d.) е популарна социјална
мрежа која им овозможува на регистрираните корисници да креираат профили,
додаваат/аплодираат слики и видеа, испраќаат пораки и одржуваат контакти со
пријатели, фамилија и колеги.
Twitter (https://whatis.techtarget.com/definitions/A, n.d.) е бесплатен микроблогинг
сервис, кој им овозможува на регистрираните корисници да емитуваат кратки објави
наречени “tweets”. Twitter корисниците може да објавуаат свои твиотови, но и да
следат ги следат објавите на други корисници преку употреба на многубројни
платформи и уреди.
LinkedIn (https://whatis.techtarget.com/definitions/A, n.d.) е социјална мрежа
дизајнирана со намена за бизнис заедницата. Целта на оваа страница е да им
овозможи на корисниците да воспостават конекции со луѓе кои ги познааваат и им
веруваат на професионално поле.
Употребата на социјални медиуми во процесот на регрутација, не го заменува
традиционалниот начин на регрутација, туку напротив, го надополнува.
Социјалните медиуми, им овозможуваат на организациите јасно да ги дефинираат
нивните барања и започнат интеракција пред (потенцијалниот) кандидат лично да
се сретне со регрутерот. (Слика 1) (Anand, 2010)
Слика 1
4
Во последните години, имплементацијата на социјалните медиуми во стратегиите
на ЧР на компаниите претставува неопходност. Со употребата на социјални
медиуми, компаниите стекнуваат конкурентност на пазарот на труд, штедат ресурси
и ја зголемуваат свесноста за својот бренд на пазарот.
Регрутерите, преку креирање на профили на постоечките социјални мрежи најчесто
LinkedIn, Facebok, Twitter и промовирање на работни позииции на разлнични
социјални медиуми (Instagram, facebook, linkedin, youtube, glassdoor и сл.) го
истражуваат пазарот на труд од блиску, ја промовираат компанијата и провицираат
интерес кај потенцијалните кандидати, вклучувајќи ги тука и активните и пасивните
потенцијални кандидати.
Појдовната идеја е да на овој начин регрутерот ја зголеми можност за пополнување
на отворените позиции во покрaток предвиден рок, со поквалитетни кандидати, при
тоа работејќи на колку што е можно повеќе работни позиции паралелно.
2. ПРЕДМЕТ НА ИСТРАЖУВАЊЕ
Идејата на ова истражување е да се утврдат предностите и недостаотците од
употребата на социјални медиуми во процесoт на регрутација. Со појавата, растот
и развојот на повеќе социјални мрежи, се отвораат можности за пристап до повеќе
детални информации за искуството на активни и пасивни потенцијални апликанти.
Некои од социјалните мрежи се создадени и употребувани со цел споделување на
информации за минати вработувања и кариерно искуство, но дел од нив се
медиуми користени за лична употреба. И едните и другите се користат како алатки
во процесот на регрутација. Иако во голем број на случаи социјалните медиуми
знаат да бидат од помош и да обезбедат намалување на време на пронаоѓање на
потенцијален кандидат и/или обезбедување на дополнителна информација за веќе
постоечки кандидат, истите може да бидат и причина за незапочнување на процес
на регрутација со постоечки апликант, врз основ на нецелосни информации
понудени односно превземени од социјалните медиуми.
Истотака, во последните неколку години, со стапување на сила на ГДПР (General
Data Protection Regulation , регрутерите во светски рамки се соочуваат со уште
еден голем предизвик, кој може да биде перцепиран како недостаток при
употребата на социјални медиуми во процесот на регрутација, а тоа е злоупотреба
на лични податоци. Имено, секој еден човек, кој оставил лична информација на
интернет, до која ние сме дошле и сме ја употребиле без негова согласност може
5
да биде основ за поведување на правна постапка против компанијата за/во која
работи регрутерот. Со тоа се зголемува и можноста за индиректно нарушување на
имиџот на компанијата.
Најчесто сретнувани предности и недостатоци од употреба на социјални медиуми
во процес на регрутација се следните:
Предности
Увид во неформалниот
кандидатот
Заштеда на финансии
живот
Недостатоци
на Нарушување на приватност
Основ за започнување на правни
постапки
Засилува присуство на свеснот за Може да влија на нарушување на
брендот
компаниски имиџ
Овозможува опфаќање на поширока Наметливост
(таргетирана) публика
Лесна проверка на минати искуства на Недоследни информации
кандидати
Го скратува процес на регрутација / Го пролонгира процесот на регрутација
зачувува време
Истите ќе служат како основа на истражувањето во овој труд, со цел да се
потврдат, модификуваат или додадат нови, врз основ на перцепцијата на
регрутерите во светски рамки.
3. ЦЕЛИ НА ИСТРАШУВАЊЕТО
Целта на ова истражување е да се утврди:
1. Порастот на употребата на социјалните медиуми како алатака во процесот на
регрутација.
1.1 Дали и колку се употребуваат социјалните мрежи во процесот на регрутација
1.2 Кои социјални мрежни најмногу се користат во процесот на регрутација.
6
2 Кои предности ги воочуваат регрутерите во светски рамки при употреба на
социјални медиуми во процесот на регруатција во однос на традиционалниот
начин на регрутација
3 Искуство на регрутерите во светски рамки, дали употребата на социјални
медиуми предизвикала одредени потешкотии во процесот на регрутација.
4. ПОСТОЧЕКИ ИСТРАЖУВАЊА
Иако социјалните медиуми во последните години, играат важна улога во процесот
на селекција и регруатција, сеуште не постојат позначајни истражувања во ова поле
и многу прашања се останати неодговорени.
Според Torrington, Hall, and Taylor
(Derek Torrington, 2011) технолошкиот развој и зголемената употреба на интернетот
значително ја подобрила ефиктивноста на процесот на интернет регрутација.
Примерот на Ernst & Young е еден фантастичен пример како може да се искористат
социјалните медиуми во процесот на регрутација (Anand, 2010).
Компанијата вработува дипломци и универзитетски студинтенти конзистентно
секоја година. Во 2007 година, Ernst & Young одлучиле да
го модификуваат
традиционалинот пристапот, со тоа што дозволила да дипломците и студентите ги
контактираат директно преку Facebook. Организацијата креирала своја брендирана
Facebook страна, каде кандидатите можеле јавно да постават прашања, да водат
дискусии со тимот на Ernst & Young, како и да запознаат други млади и искусни
практиканти. Оваа Facebook страна, надополнета со мултимедија – слики и видеа,
7
придонела
да Ernst & Young се прмовираат како примамлива можност за
студентите.
Проектот резултирал со креирање на база на 34,000+ кандидати. Ова придонело
да компанијата драстично ги намали трошоците и да се презентира пред
кандидатите кои инаку би ја пропуштиле традиционалната кампања на компанијата.
Ваквата иницијатива на Ernst & Young и нивното напредно размислување е една од
причините да BusinessWeek ја нарече организацијата една од најдобрите места за
започнување на кариера во 2009 година.
5. ХИПОТЕЗИ ИЛИ ИСТРАЖУВАЧКИ ПРАШАЊА:
Главна Хипотеза:
Јасно дефинирани предности и недостатоци од употребата на социјални медиуми
во процес на е-регрутација ја подобрува ефикасноста на регрутерите.
Прва помошна хипотеза:
Користењето на социјални медиуми го подобрува процесот на регрутација
Втора помошна хипотеза:
Користење на социјални медиуми го отежнува процесот на регрутација
Трета помошна хипотеза:
8
Активна употреба на социјални медиуми во процесот на регрутација влијае врз
имиџот на компанијата.
6. ТЕХНИКИ НА ИСТРАЖУВАЊЕ
Истражувањето ќе биде спроведено на примерок од 100 испитаници, кои ја имаат
улогата на регрутер, кои имаат искуство со традиционален пристап кон процесот на
регрутација, и со употреба на социјални медиуми во процесот на регрутација.
Таргетитани се регрутери од цел свет, кои ќе пополнат прашалник креиран на
survey monkey.
Прашалникот, покрај прашањата кои ќе обезбедат квантитативна анализа за
потврдување или негирање на понудените веќе познати предности и недостатоци,
ќе содржи и прашања од отворен тип за слободна интерпретација на темата од
страна на испитаниците, што ќе обезбеди и квалитатитен аспект на истражувањето.
9
7. БИБЛИОГРАФИЈА
2
Anand, R. (2010). Recruiting with Social Media. Boston: Pearson Education, Inc.
Armstrong, M. (1999 ). A Handbook of Human Resource Management Practice seventh edition . Kogan
Page Limited.
Barber, L. (2006 ). e-Recruitment Development. Institute for employment stidies .
Derek Torrington, L. H. (2011). Human Resource Management 9th edition. Pearson Education Limited .
H. Kristl Davison, M. N. (2016). Social Media as a Personnel Selection and Hiring Resource: Reservations
and Recommendations. Во G. S. R.N. Landers, Social Media in Employee Selection and
Recruitment. Springer International Publishing .
https://whatis.techtarget.com/definitions/A. (н.д.).
3
10
Download