Uploaded by martinrobotika

MANAGEMENT VOVED 2012

advertisement
УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ-СКОПЈЕ
Факултет за електротехника и информациски технологии –
Скопје
в. проф. д-р Атанас Илиев
МЕНАЏМЕНТ И ИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИКА
(скрипта за интерна употреба)
Скопје, февруари, 2012
в.проф. д-р Атанас Илиев
Менаџмент - предавања - 2012
I. ВОВЕД ВО ИНЖЕНЕРСКИОТ МЕНАЏМЕНТ
1.
ПОЈАВА И РАЗВОЈ НА МЕНАЏМЕНТОТ
Зборот манаџмент потекнува од англискиот збор manage што значи управување. Кога се спомнува зборот менaџмент се спомнува во научен аспект најчесто се мисли на наука што го проучува управувањето на организационите системи.
Постојат повеќе дефиниции за значењето на поимот менаџмент. Пред сè
тоа претставува умешност за искористување на ограничените ресурси и средства.
Исто така под поимот менаџмент се подразбира и способност за обавување
(извршување) на дадена работа. Менаџментот има за цел со што помалку вложувања да оствари што поголеми резултати во работењето (стопанисувањето).
Менаџментот претставува мултидисциплинарна активност која игра пресудна улога за опстанокот на претпријатието. Со принципите на менаџментот треба да бидат запознаени луѓе од најразлични профили, претприемачи, инженери,
економисти, т.е. сите оние кои на било кој начин се вклучени во процесот на
управување, организирање и водење на производството или услужните дејности.
Посебно тоа е важно во денешното пазарно ориентирано општество каде главни
карактеристики се конкуренцијата и постојаните промени.
Професионалните менаџери треба да имаат јасни цели, отворени визии и
пред сè: знаење, вештина и желба за акција, за да можат да се справат со
тековните и идни ситуации и да овозможат развој и оддржување на конкурентноста на компанијата во која работат.
Во врска со поимот менаџмент, неговата појава и значење, има размислување дека неразвиените земји не се неразвиени заради недостаток на природни
ресурси, туку заради неразвиен менаџмент. Денешната практика го потврдува тоа,
бидејќи во најразвиените земји (САД, Јапонија, Германија...) најмногу се применуваат принципите на менaџментот во производството, а сознанијата до кои
доаѓаат менаџерите од тие земји се општоприфатени и доведуваат до подобрување на производните резултати насекаде во светот. Само ќе споменеме неколку
успешни компании на светско ниво кои се синоним за успешен менаџмент: IBM,
General Electrics, Toyota, Microsoft, FedEx, ABB, Siemens, Sony, Dell, HP,…
Менаџментот претставува неопходна активност која мора да се применува
во сите организациони системи: фабрики, болници, школи. Основни функции на
менаџментот се:
• Планирање
• Организација
• Водење
• Насочување
• Комуникација
• Мотивација
• Контрола и др.
Според Henry Fayol (1841-1925), еден од основоположниците на научниот
менаџмент секое претпријатие освен менаџмент, треба да ги има и следниве
функции: техничка, финансиска, сметководствeна и безбедносна. При тоа, клуч2
в.проф. д-р Атанас Илиев
Менаџмент - предавања - 2012
ните елементи и поставки на менаџментот се универзални, но за нивна примена во
конкретна организациона структура е потребна соодветна адаптација..
Значи, менаџментот се карактеризира со универзалност, но неговата примена бара уважување и на специфичностите, како на пример: дали се работи за
болница или фабрика, дали се работи за државно, јавно или мешовито претпријатие. Исто така, од големо значење и културната средина во која стопанисува
претпријатието (морални норми, навики, однесување), нивото на општествениот и
политичкиот развој, историските услови и сл.
1.1.
Појмовно определување на менаџментот
Менаџментот претставува вештина за управување со организационите системи но истовремено и наука која го изучува овој феномен. Според Peter Drucker
менаџерството е вештина за управување со луѓето и претставува специфична
самостојна активност. Тој разликува сопственик (“boss”) од менаџер.
Според Newman менaџерството е специфична техника на управување, а
менаџерот е неопходен на секое препријатие.
Според Mary Paket Follet, менаџментот претставува вештина за обавување
на работа со посредство на други луѓе. Според оваа дефиниција менаџментот е
посебна, специфична активност во претпријатието која е насочена кон остварување на прогамирани цели и задачи на компанијата. Активностите на манаџментот ги обавуваат менаџери на различни нивои и со различни профили кои ја
насочуваат работата на вработените во компанијата. Суштината на работата на
менаџерот се гледа во настојувањето вработените во претпријатието квалитетно,
рационално и благовремено да ги обават своите задачи кои се во функција на
остварување на поставените цели на компанијата. Наведената дефиниција има
недостаток што никаде не го споменува процесот на донесување одлуки кој е една
од значајните функции во менаџментот.
Stenley Vance менаџментот го дефинира како процес на донесување одлуки
и контрола на работата на луѓето заради остварување на поставените цели.
William Spreigal смета дека менаџментот претставува таква функција во
претпријатието која се состои од насочување и контрола на различни активности
заради постигнување на поставени цели. Овој автор смета дека менаџментот е во
суштина извршна функција која посебно го вклучува активното насочување на
човечките напори.
Еден од најзначајните автори од областа на менаџментот Peter Drucker
смета дека суштината на менаџментот се состои во основните функции кои тој ги
извршува, а тоа се: планирање, организирање, вработување, влијание и контрола.
За менаџерството можеме да кажеме дека претставува научен и професионален процес на:
−
−
−
−
Планирање
Организирање
Раководење (одлучување, комуникација, влијание....) и
Контрола
на природните, човечките, финансиските и информациските ресурси заради постигнување успех во работата (бизнисот).
Задачата на менаџерите со огледа во следниве функции:
3
в.проф. д-р Атанас Илиев
1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
Менаџмент - предавања - 2012
Одредување на цели
Реализација на целите
Организација на работата
Распоред на работата
Делегирање на овластувања
Одредување на распон на раководење
Избор и именување на кадри
Стимулирање и санкционирање на рабењето
Футурологија, визија и развој на претпријатието.
Менаџментот претставува интердисциплинарна наука која е универзална.
Истовремено, менаџментот претставува и вештина зашто човекот е посветен на
менџментот и го води претпријатието мора да има смисол за бизнис. Денес се
повеќе, заради комплексноста и сложеноста на проблематиката, се поставува барањето за професионализам на полето на менaџментот. Претпријатијата не можат
и не смеат да се управуваат аматерски, а ова барање е толку поизразено доколку
претпријатието е поголемо. Професионалниот менаџмент овозможува ефикасно
остварување на работните задачи и развојните цели на претпријатието.
Значи во денешни услови претставува професија, наука и вештина. Во
свето делување менаџментот има своја стратегија, оператива и тактика.
1.2.
Појава и историјат на менџментот
Појавата на менаџментот датира уште од најстари времиња. За тоа сведочат и историските споменици што датираат од времето на стариот Египет, Вавилон, древна Кина, стариот Рим. Иако тогаш владеело робовладетелско општество,
сепак, луѓето требало да се организираат на посебен начин за да можат да ги
извршат поставените задачи.
Така, на пример, уште во стариот Египет постоела поделба на работата,
различни одела за надзорниците и работниците (кои очигледно служеле за распознавање), бил точно определен бројот на луѓе по надзорник и сл. Комплексната
државна управа покрај другото имала задача да предвидува (колкава количина на
жито ќе биде ожнеано, колкав ќе биде водостојот на реката Нил и сл.) и да
надгледува (состојбите во трговијата, занаетчиството и сл.)
Во Вавилон царот Хаморубије (2123-2081 п.н.е.) вовел кодекс од 282
закони со кои се регулираат работните норми, начинот на однесување со луѓето,
се определуваат плати за извршената работа како и казни за непослушните. Во тој
период за прв пат се споменува и поимот сметководство.
Според Библијата Мојсие ги судел само исклучително тешките случаи, додека оние полесните ги оставал на племенските старешини (делегирање на
овластување).
Грчкиот филозоф Сократ разликата во управувањето помеѓу управувањето
со приватните и јавните работи ја гледал единствено во нивниот обем.
Конфучие (551-470 п..н.е.) како основен критериум за унапредување ја
сметал успешноста во обавувањето на задачите. Исто така тој востановил и критериуми кои луѓето треба да ги исполнуваат доколку сакаат да станат државни
службеници.
Посебен развој менаџментот како дисциплина доживува со индустриската
револуција и појавата на парната машина на James Watt. Тогашните “менаџери”
4
в.проф. д-р Атанас Илиев
Менаџмент - предавања - 2012
биле соочени со небразовани и неписмени работници и морале преку демонстрација и практична работа да ги обучуваат и оспособуваат за работните процеси. И
тогаш, како и денес, актуелни биле прашањата за мотивацијата и дисциплината на
вработените. Некои од мерките на менаџментот како што се: наградување на позитивните резултати и санкционирање на негативните во својата суштина не се
промениле многу низ историјата.
2.
НАУЧЕН ПРИСТАП ВО ИЗУЧУВАЊЕТО НА
МЕНАЏМЕНТОТ
Научниот менаџмент настанал од потребата за зголемување на продуктивноста. Како негов основач се смета американскиот инженер Frederic W. Taylor
(1856-1915) кој својот менаџерски систем го базирал на проучување на времето за
реализација на серија активности од производната линија. Таylor ја поделил секоја
работа на компоненти и изработил најбрзи и најдобри методи за операциите во
секој дел од работата. Таylor исто така се залагал работодавците да ги платат
повеќе оние работници кои работат попродуктивно. Зголемената стапка на надницата внимателно ја пресметувал врз база на зголемениот профит кој пак е резултат
на зголемената продуктивност. Така работниците биле поттикнати да ги префрлат
претходно зададените норми и да заработат повеќе. Верувал дека работниците кои
исполнуваат повисоки норми не треба да се плашат за својата иднина во компанијата.
Во неговата студија “Принципи на научниот менаџмент” Тајлор ги истакнал следниве основни принципи:
1.
2.
3.
4.
Развој на науката за менаџментот со цел да се утврдата најдобрите
методи за извршување на секоја задача.
Научна селекција на работниците, со цел секој работник да работи
на работна задача која најмногу му одговара
Научно образование за развој на работниот кадар
Взаемна блиска соработка помеѓу менаџментот и извршителите.
Проучувањето на организационите проблеми во претпријатијата започнуваат кон крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век. Тие имале инженерски карактер
и се базирале на повеќегодишното искуство и способност за концептуализација.
Тоа претставувало добра основа за поставување на теории и дефинирање на хипотези кои понатаму биле подложни на емпериска проверка.
Францускиот инженер H. Fayol бил преокупиран со функционирање на
управата на претпријатијата. Тој посебно внимание посветил на административните функции на една компанија.
Кон инженерите Тајлор и Фајол се приклучил германскиот социолог Макс
Вебер кој ги проучувал општествените односи и структурата на стопанската дејност. Значаен придонес кон развојот на научниот менаџмент дале и следниве
автори: Gant, Emerson, Ford, Gilbert, Barnet и други.
Научните принципи на менаџментот се засноваат на проучување на одредени феномени, нивна систематизација, класификација и анализа. Врз основа на
тоа се воочуваат причинско-последични врски помеѓу анализираните променливи. Со воопштување на воочените релации се доаѓа до поставување на хипотези. Со воопштување на хипотезите чија точност е тестирана и докажана се доаѓа
да формирање на принципи. Принципите на менаџментот им овозможуваат на
5
в.проф. д-р Атанас Илиев
Менаџмент - предавања - 2012
менаџерите да ги анализираат практичните проблеми.и им нудат ефикасни начини
како полесно да ги решат настанатите проблеми, како и да предвидат одредени
однесувања и резултати од конкретните ситуации
Менаџментот, како и другите интердисциплинарни науки не е егзактна
наука. Главната причина е во тоа што се работи за наука која пручува процеси
кои се одвиваат во организации поврзани со луѓе. Во таа смисла, многу е отежнато контролирањето на експериментите, па затоа и принципите на менаџментот
ја немаат строгоста и егзактноста на законите кои владеат во природните и техничките науки. Како научна дисциплина менаџментот поседува значајни средства
за анализа, предвидување и контрола, кои на менаџерите им овозможуваат своите
задачи да ги обавуваат поефикасно и поефективно.
Треба да напоменеме дека развојот на менаџментот како наука настапил
после индустриската револуција со стварање на акумулација на човечки и физички ресурси, развојот на технологијата, унапредувањата во транспортот и комуникациите, проширување на пазарот и појавата на големите компании. Тогаш станало неопходно управувањето во сложените организациони системи да биде засновано на научни принципи што условило понатамошно проучување и развој на
менаџментот како научна дисциплина.
3.
ШКОЛИ НА МЕНАЏМЕНТОТ
Менаџментот како научна дисциплина бил предмет на проучување од
многу автори и истражувачи кои дале различни и повеќеструки доприноси за
негов развој. Од појавата на “теорија на научно управување” до денес се развиле
многу школи на менаџментот.
Најважни oд нив се следниве:
– Класична школа на менаџментот;
– Школа на човечки односи;
– Школа на терија на одлучување;
– Школа на науки за менаџментот;
– Школа на терија на системи;
– Ситуациона школа на менаџментот;
За секоја од наведените школи на менаџмент ќе ги наведеме нејзините
најбитни карактеристики.
3.1.
Класична школа на менаџментот
Класичната школа на менаџментот претставува прв систематски пристап
на изучување на проблематиката на управување. Темелите на оваа школа ги
поставиле: Тајлор, Фајол, Вебер и нивните следбеници со своите научни истражувања. Класичната школа на менаџментот опфаќа три теории:
– теорија на научен менаџмент;
– административна теорија или теорија на процеси на менаџмент;
– бирократска теорија на менаџмент.
Теорија на научен менаџмент потекнува од резултатите добиени со
истражувањата од познатиот американски инженер Тајлор кој се смета за творец
на оваа теорија. Тајлор настојувал, да ги искористи сознанијата од пракса, да
формира менаџмент како наука која ќе се базира на цврсти, добро поставени
6
в.проф. д-р Атанас Илиев
Менаџмент - предавања - 2012
принципи. Во ова му помогнале многубројните негови следбеници, кои исто така
дале свој допринос за развој на менаџментот како научна дисциплина.
Административна теорија или теорија на процеси во состав на класичната школа на менаџмент, ја развил Фајол. Главна цел на неговите истражувања била систематско проучување на целокупниот менаџерски процес. Други
автори кои дале свој допринос за развој на оваа теорија се: Монеј (Money), Рајли
(Railey), Урвик (Urwick), Гулик (Gullick), Мери П. Фолет (Мary P. Follet).
Бирократската теорија на менаџментот ја развил Макс Вебер. Оваа
теорија има големо влијание на развој на менаџментот како научна дисциплина,
како и нејзината примена во пракса. Некои поставки на бирократската теорија на
менаџмент уште се користат за воспоставување на менаџерските системи во
одредени организации.
Освен низа предности, класичната школа на менаџментот има и одредени
слабости, па често трпела и критики. Една од најчестите критики е занемарување
на човечкиот фактор во организацијата, како и едностраното разгледување на
организацијата како машина или апарат која работи по непроменливи закони.
Застапниците на оваа школа исто така сметале дека на запослените ги интересира
само платата, како и дека вработените секогаш се однесуваат рационално (што
праксата го демантира). Класичната школа, поради несоодветните пристапи кон
одредени проблеми, не решила адекватно многу значајни прашања во менаџментот, како што се: водење, мотивација, комуникација, меѓучовечки односи.
Одговорите на овие прашања се обиделе да ги дадат други школи на менаџментот.
3.2.
Школа на човечки односи
Основачи на школата на човечки односи се Елтон Мејо (Mayo) и Ретлисбергер (Roetkhlisberger), кои први ја уочиле важноста на човечкиот фактор во
организацијата. Школата на човечки односи или однесување почнала да се развива во триесетите години од минатиот век.
Претставниците на оваа школа сметале дека мотивацијата за работа, моралот во работата и постигањето (продуктивноста) се тесно поврзани за социјалните односи меѓу вработените и меѓу вработениот и менаџерот. Се сметало
дека луѓето се зависни од меѓучовечките односи, а не од физичките услови на работа. Со истражување е утврдено дека: работниците се третираат себе како работни групи; групите имаат свои норми кои се однесуваат на производството како и
на меѓусебните односи и односите со менаџерите; оствареното производство не е
поврзано со интелегенцијата на работниците туку со нивниот социјален статус и
припадничка класа.
Со воочувањето на влијанието на човечкиот фактор во производството,
истражувањата во овој домен на менаџментот и понатаму се развивале, а во нив
биле вклучени и психолози и социолози. Како резултат на сознанијата кои се
стекнале од овие истражувања настанала школата на меѓучовечки односи (human
relations). Бидејќи човечкиот фактор не бил посебен предмет на проучување на
класичната школа на менаџмент, толку повеќе оваа школа на човечки односи
добива на тежина.
Творците на школата на меѓучовечки односи своите истражувања ги фокусирале, во главно, на проучување на улогата на човекот и неговото однесување во
еден организационен систем. Претставниците на оваа теорија го разгледуваат
човекот како психо-физичко битие и како социјална единка, како припадник на
различни друштвени групи. На тој начин овие автори кај човекот го проучувале
сето она што е важно за неговото однесување во еден организационен систем, а
7
в.проф. д-р Атанас Илиев
Менаџмент - предавања - 2012
тоа се: потреби, мотиви, цели во работата, здружување, ставови, официјални и
неформални односи, неформални групи, морал, задоволство во работата, и.т.н.
Во теоријата на школите на човечки односи како цел на истражување се
поставува човечката компонента на менаџментот, а човекот се третира како
единствено социо-физичко битие. Авторите на овие школи сметале дека е претпоставка за ефикасен менаџмент стварањето на амбиент погоден за задоволување
на социјалните и физичките потреби на луѓето. Според нив, менаџерот треба да
применува демократско-принципиелен систем на раководење, кој е најделотворен. Најзначајни претставници на овие школи се: Курт Левин (Kurt Lewin),
Крис Аргирис (Chris Argyris), Ренсис Ликерт (Rensis Likert) и други.
Авторите на школата на човечки односи исто така имале свои слабости.
Прво, нивниот пристап на проучување на проблематиките на менаџментот потполно се потпирал на класичната школа. Второ, како и авторите на класичната
школа, и тие организацијата ја разгледувале како изолиран, затворен систем, што
не одговара на реалната ситуација дека секоја организација се наоѓа во
непрекината интеракција со својата околина.
3.3.
Школа на теорија на одлучување
Основач на школата на теорија на одлучување е Симон. Според оваа теорија на менаџментот е процес на донесување одлуки, а не процес процес на извршување на менаџерски функции. Извршувањето на секоја менаџерска функција
подразбира донесување на соодветни одлуки така што целокупната проблематика
на менаџментот може да се сведе на разгледување и проучување на процесот на
донесување на одлуки. При тоа, авторите на школата на теорија на одлучување
своето проучување го насочиле на разгледување на: одлукита, донесувачите на
одлуки и на проучување на социјалниот и психолошки амбиент на донесување на
одлуки. Тие добриот систем на менаџмент го сметаат како сегмент на донесување
на одлуки.
Наведената теорија, освен предности, има и повеќе слаби страни. Главна
слабост на оваа теорија е поистоветување на многуте комплексни, менаџерски
активности со процесот на одлучување. Менаџерот во една современа компанија
нема задача само да донесува одлуки, туку и да биде и иноватор, да ги креира
неопходните услови за несметано обавување на работата, да ги решава конфликти
кои ќе се појават, да контролира, организира и сл. За да може сето тоа да го обави,
менаџерот мора да поседува многу повеќе квалитети отколку што е потребно само
за донесување на одлуки.
3.4.
Школа на науки за менаџментот
Школата на науки на менаџментот спаѓа во редот на најстарите школи и
потекнува уште оддамна, а својот најголем подем го добила во времето на Тејлор
и неговите поддржувачи за “научно управување” на производните процеси.
Настојувањето менаџментот да се развие како наука било посебно нагласено за
време на Втората светска војна. Тогаш менаџерите на владините претставници и
научниците настојувале да воспостават ред и строга рационалност во работата на
позадинските служби кои биле ангажирани во војните операции. Првите тимови
за операциони истражувања, составени од експерти и стручњаци од различни области, ги формирале Британци. Нивната основна цел била да се дојде до
оптимални решенија и планови за користење на радарските системи, противавионската артилерија, подморниците и слично.
8
в.проф. д-р Атанас Илиев
Менаџмент - предавања - 2012
Подоцна истражувањата биле пренасочени во областа на индустријата, во
областа на управување и други стопански области. Резултат на тоа било
спојувањето на операционите истражувања и управување на производството и
настанување на дисциплината “управување на операциите”. Повторно во прв план
избиле барањата за истражување на работа како процес, мерење на перформансите и контрола на остварените резулатати. Тоа подразбирало квалитативна
анализа на податоците, а со тоа и квантификација на варијаблите на индустриските и организационите проблеми. Како одговор на тие посакувања се развиле
операционите истражувања и системската анализа како основа на школата на
научен менаџмент.
Школата на научен менаџмент исто така има свои слабости кои се согледуваат, пред сé, во тоа што сите појави тежат да бидат квантификувани и да се
базирани на математички формули. Таквиот пристап, како што покажала праксата, не е секогаш можен и премногу е едностран за комплексност која
менаџментот во третирање на проблемите треба да ја примени.
3.5.
Школа на теоријата на системи
Школата на теоријата на системи настанала во шеесетите години од дваесеттиот век и е резултат на развојот на општата теорија на системи. До појава на
општата теорија на системите дошло како последица на истражувањата во областа
на управување на сложените динамички системи како и истражувањата кои се
однесувале на развој на математички модели за оптимизација. Сето тоа резултирало со нови научни сознанија, како и со развој на нови методологии.
Главна одлика на школите на теорија на системи е третирање на организациите како органски отворени системи, чии делови (подсистеми) се меѓусебно
поврзани и испреплетени. Може да се каже дека оваа школа на менаџмент има
доста приврзаници поради кои за релативно краток временско период станала
преовладувачка во литератирата за менаџмент.
3.6.
Ситуациона школа на менаџментот
Праксата покажала дека ситуациите со кои се среќава менаџерот се многу
разновидни, а често и специфични, па е невозможно да се изработи еден единствен, универзален модел по кој менаџерот ќе се однесува во одреден вид на
ситуација. Затоа се појавила ситуациона школа на менаџмент, како една од најмладите школи, која смета дека активностите на менаџерот зависат од карактеристиките на конкретната ситуација во која тој треба да реагира. Според авторите на
оваа школа, секоја ситуација е специфична и менаџерот треба да реагира зависно
од ситуацијата на специфичен начин.
Според ситуациониот концепт не е возможно да се изгради еден општ менаџерски принцип ниту пристап туку менаџерот треба да ја проектира организацијата, да ги дефинира нејзините цели, стратегија, политика и планови согласно
со конкретните услови во опкружувањето. Успехот на менаџерот е условен од неговата способност да се прилагоди на околината, адекватно да реагира на импулсите од околината, како и да ги предвиди промените во неа и соодветно да реагира на нив.
Една од предностите на ситуационата школа на менаџментот е и тоа што
нуди метод за анализа, како и начин на успешна интеграција на организацијата со
нејзината околина.
9
в.проф. д-р Атанас Илиев
4.
ПРИНЦИПИ НА МЕНАЏМЕНТОТ
4.1.
Основни принципи на менаџментот
Менаџмент - предавања - 2012
Принципите на менаџментот претставуваат одредени барања во остварување на менаџерските функции за да се остварат поставените цели. Многу е тешко
да се формулираат универзални принципи на менаџментот кои би важеле во секоја ситуација. Многу автори, припадници на различни школи и правци, ги формулирале принципите на менаџментот. Првите автори кои ја проучувале оваа област
биле зачетниците на теоријата “научно управување” или “научна организација на
работата”.
Тајлор го формулирал принципот “управување по пат на исклучителност”,
кој претставува барање или тежнеење менаџерите да го насочуваат своето
внимание само на оние случаи кај кои се поставени норми на остварување а кои
ги преминуваат одредените граници во кои не можат да се следат, или пак, не
можат да ги следат пропишаните процедури.
Фајол формирал 14 принципи на управување, од кои многу и денес се применуваат во пракса. Вебер дал свои 5 принципи на управување на бирократски
организации. Исто така многу други автори се обиделе да формулираат основни
принципи на менаџментот кои би важеле во одредени ситуации. Меѓутоа, имајќи
предвид дека и самите менаџерски функции се разликуваат во зависност од тоа за
каква организација се работи, за какво опкружување се работи, универзалната
примена на класичните принципи на менаџментот, кои се формулирани од Фајол,
Вебер и други, во многу случаи е доведена во прашање.
Иако се поставени менаџерските принципи кои широко се применуваат во
пракса (нормално не сите и не сите одеднаш), постојат и многубројни забелешки
меѓу кои би ги споменале следниве:
– многу од принципите се формулирани нејасно и премногу апстрактно;
– некои од принципите меѓусебно се спротивставени (како, на пример,
принципот на централизација и децентрализација).
Меѓутоа, некои општи принципи кои се применуваат во работата на економските субјекти исто така може да се применат и во областа на менаџментот.
Се мисли, пред сé, на принципот ефикасност и принципот ефективност, кои може
да се класифицираат и во основни принципи на менаџментот.
Принципот ефикасност (Doing the things right) претставува барање одредена цел да се оствари на најрационален начин (во смисла на резултатите и вложувањата). Ефикасноста бара примена на математички техники на оптимизација
како, на пример, максимизација на производството, минимизација на времето на
извршување на одредена постапка и слично.
Принципот ефективност (Doing the right things) претставува барање одредена активност да го постигне посакуваниот ефект. Eфективноста најчесто се
поврзува со способноста да се определат и постигнат зацртаните цели.
Значи, кај принципот ефикасност се поставува прашање како нешто работиме, а кај принципот ефективност што е резултатот (ефектот) од нашата работа.
4.2.
Фајолови принципи на менаџментот
Авторот H. Fayol со своите проучувања дал многу значаен придонес во
развојот на теоријата на менаџментот. Тој има формирано 14 принципи на менаџ-
10
в.проф. д-р Атанас Илиев
Менаџмент - предавања - 2012
мент кои и денес се доста актуелни, па во понатамошното излагање секој од нив
ќе биде подетално образложен.
Поврзаност на овластувањето и одговорноста – овластувањето кое го
има менаџерот при извршување на своите задачи произлегува од неговата одговорност. Во склад со тоа, менаџерот не би требало да дава овластување без да преземе одговорност, односно одговорноста на менаџерот треба да биде во склад со
неговите овластувања. Во состав на овој принцип Фајол го разгледува и феноменот на авторитет на менаџерот, сметајќи дека званичниот авторитет на менаџерот произлегува од неговата положба во менаџерската хиерархија, а личниот
авторитет произлегува од неговата интелигенција, искуство, морал и.т.н.
Единство на наредбите – се сведува на барањето вработените да имаат
само еден шеф (boss) и само од него да примаат наредби. Со вработените треба да
комуницира само еден нивен непосреден раководител, за да не се ствара
конфузија околу тоа чиј налог треба најпрво да го извршат.
Единство на водење – претставува барање сите менаџерски и други
активности кои имаат иста цел да бидат обединети и заеднички управувани. Тие
активности треба да имаат еден план и еден раководител. Сите активности кои се
меѓусебно условени и поврзани треба да се водат на таа основа. Со почитување на
овој принцип се обезбедува координирање на силите и фокусирање на напорите,
додека неговото кршење доведува до разединување на дејствијата и напорите,
како и до нерационално трошење на ресурси.
Воспоставување на скаларна низа на команди – претставува барање
командниот систем на организацијата, составен од низи на надредени и подредени, да биде поставен долж целата организација, од врвот кон дното. Односот на
надреденост и подреденост ги поврзува сите вработени во организацијата. Овој
принцип треба да биде почитуван секогаш кога е тоа можно и рационално, но
Фајол дозволува отстапување од него, но само во исклучителни случаи.
Воспоставување на поделба на работата – претставува барање да се примени специјализација на работата за сите видови на работа, и менаџерска и
техничка. Цел е исти работници секогаш да работат на исти операции, а менаџерите да се состануваат секогаш за исти проблеми, па врз основа на претходното
искуство, да можат да ги решаваат настанатите проблеми.Според Фајол секоја
промена во работата бара обука и адаптација на менаџерите. Иако воспоставувањето на поделба на работа е многу корисно, се смета дека овој принцип има
одредени ограничувања, кои треба да се земат предвид во пракса..
Дисциплина – претставува барање сите вработени да ги извршуваат
своите задачи и меѓусебно да комуницираат согласно на правилата, нормите и
обичаите на организацијата. Поединецот не смее да се однесува надвор од
поставените принципи на однесување. Дисциплината е од голема важност за
извршување на задачите, а може да се обезбеди со: добри раководители на сите
нивои, јасни и фер односи со вработените и соодветни казнени мерки.
Потчинетост на индивидуалниот интерес – претставува барање интересот на организацијата да биде над интересот на поединецот и групата, а тоа може
да се постигне само ако топ менаџерите дадат пример на чесност, праведност и
интегритет. Вработените треба да осетат неопходност да, кога треба да избираат
меѓу своите и интересите на организацијата, да им дадат предност на оние на
организацијата.
Праведно наградување – претставува барање наградувањето на
вработените да биде со склад со тежината и сложеноста на работата, одговорноста, работните услови и сл. Наградите исто така треба да се формираат и во
11
в.проф. д-р Атанас Илиев
Менаџмент - предавања - 2012
склад со нивото на животниот стандард, општиот степен на економскиот развој на
општеството, економските услови и сл.
Централизација – е барање организационата структура да биде високо
централизирана. При тоа, тоа не значи да во одредени домени не треба да се
примени децентрализација. Децентрализацијата треба да се примени во случаи во
кои работниците се злоупотребени од главниот раководител па и комуникацијата
меѓу нив е отежната. Така овластувањата за донесување одлуки треба да се пренесе на различни менаџери на различни степени. Од друга страна, истовремено со
децентрализацијата неопходно е да се зајакне и централизира контролата.
Застапеност на ред – подразбира барање вистинскиот човек да биде на
вистинското место и се што му треба да го најде на неговото работно место. За да
се воспостави тој ред неопходно е добро познавање на човечките барања и
ресурсите кои ги повлекуваат тие барања, како и да се воспостави оптимален
баланс меѓу барањата и ресурсите.
Праведност – претставува барање вработените да бидат третирани на
праведен и љубезен начин. Застапеноста на овој принцип претставува услов за
лојалнос и пожртвуваност на вработените. Создавањето на чувство на праведност
во сите делови на организацијата и на сите нивоа на скаларната низа е должност
на главниот раководител.
Стабилност на вработувањето – е барање кај вработените да се создаде
чувство на разумна сигурност на работата. Вработените треба да бидат убедени
дека (евентуалното) отпуштање од работа е резултат на добро осмислена персонална политика, а не каприц на надредените.
Поттикнување иницијатива на вработените – претставува барање менаџерите да креираат работна атмосфера така што ќе ја охрабруваат способноста,
остроумноста и смелоста кај вработените. Вработените треба да преземаат иницијатива и да прифаќаат одговорност. Таквата атмосфера кај вработените ствара
чувство на задоволство па менаџерите треба се да направат за да создадат такви
услови. Секако, иницијативите на вработените треба да се наоѓаат во границите на
овластувањето и организационата дисциплина.
Постоење на тимска работа – претставува барање за постигање на кохезија и тимски дух меѓу вработените. Во организација која е составена од многу
вработени кои се поврзани во групи и меѓусебно соработуваат поради остварување на заедничката цел треба да се создаде амбиент вработените да чувствуваат дека се значаен дел од голем тим и на сите да им биде од интерес да се
постигнат поставените цели што порационално.
5.
НЕКОИ СОВРЕМЕНИ ТЕОРИИ НА МЕНАЏМЕНТОТ
Една од попознатите современи теории на менаџментот е глобалниот “7S”
модел на организирање. Овој модел го оформува во 1980 година американската
консултантската форма на McKinsey врз база на набљудување на јапонскиот начин на управување на фирмите. Со споредба на јапонскиот и американскиот
менаџмент се утврдило дека американските менаџери најголема грижа и внимание посветуваат на оформување на соодветна деловна стратегија, организациска структура и системи за планирање и контрола на работата. Наспроти тоа,
со проучување на јапонскиот тип на менаџмент се утврдило дека јапонските
менаџери, во главно, се ориентирани на:
12
в.проф. д-р Атанас Илиев
Менаџмент - предавања - 2012
– заедничките вредности (Shared values) односно културата на претпријатието, како вкупни вредности и правила на однесување.
– вработените (Staff) во смисла на работните карактеристики на вработените, а не во смисла каде работникот е поставен во организациската
шема.
– вештините (Skills) како кон способност да се искористи сето она што
организацијата (или луѓето во неа) умеат добро да го сработат, а влијае
на конкурентниот потенцијал на фирмата
– стилот (Style) кој се однесува на менаџерските и неменаџерските работници.
Структурата, стратегијата и системите се т.н. крути променливи кои се
вештачки категории кои не се во суштината на природата на човекот. Останатиите
3Ѕ (Style, Staff, Skills) се меки варијабли кои се многу блиски до човековата
природа. Во средината на 7Ѕ моделот, според McKinsey се поставени заедничките
вредности (Shared values).
Сл.1. Шематски приказ на моделот “7S”
Исто така позната е теоријата “Z” на американецот од јапонско потекло
William Ouchi. Оваа теорија се темели на меките варијабли од 7Ѕ теоријата: вработените, стилот и способностите. Основна карактеристика е т.н. неформално раководење кое се базира на:
– доверба, поверение (trust)
– соосеќајност (subtlety)
– блискот, интимност (intimacy)
Основната замисла на Ouchi е во тоа дека организацијата е вештачки
систем кој треба да биде така изграден да биде по мерка на човекот. Така
оформената организација е предуслов за целосна посветеност на вработениот на
работата и негово квалитетно ангажирање во извршувањето на работните задачи.
Теоријата Z e настојување да се пренесе јапонската филозофија на менаџмент во американски услови.
Во Табелата 1-1 се претставени некои карактеристики во фирмите во Јапонија и САД во поглед на интересите на вработените за време на нивниот работен
век.
13
в.проф. д-р Атанас Илиев
Менаџмент - предавања - 2012
Табела 1-1 Разлики помеѓу јапонските и американските компании
6.
Карактеристика
Јапонија
САД
Вработување
За цел живот
За одредено време
Наградување и
напредување
Бавно
Брзо
Кариера
Неспецијализирана
Специјализирана
Контролни механизми
Имплицитни
Експлицитни
Одлучување
Групно
Поединечно
Одговорност
Колективна
Поединечна
Интереси
Групни
Поединечни
МЕНАЏЕРСКИ НИВОИ
Вработените во претпријатијата можат да се поделат во две основни групи:
– менаџери (на различни нивои)
– извршители (во производството, службите, другите сектори)
Менаџерскиот кадар според својата улога е поделен на:
– врвен (top management) во кој спаѓаат директорот (главен, генерален)
на претпријатието и неговите помошници
– средно ниво на менаџери во кој спаѓаат манаџери кои имаат подредени
менаџери од пониски нивои, од групата на средни или менаџери од
прва линија
– прво ниво на менаџери (шефови на одделенија, бирои, работилници).
Сл.2 Пирамидална повеќенивовска менаџерска структура во претпријатијата
Согласно нивоите на менаџмент се дефинирани и основните преокупации
и должности на менаџерите од соодветните нивои:
–
Врвните менаџери се одговорни за бизнис политиката и стратегијата за
развој на претпријатието, организирање на претпријатието и контролирање на спроведувањето на планираните активности за остварување на
целите на претпријатието.
14
в.проф. д-р Атанас Илиев
–
–
Менаџмент - предавања - 2012
Менаџерите од средно ниво се задолжени за планирање и спроведување
на планираните активности во рамките на нивните организациони
единици. Тие работат на остварување на специфични цели кои се во
склад со целите на претпријатието. Исто така ги организираат и
контролираат активностите во своја надлежност и се одговорни за
своите подредени менаџери.
Менаџерите од прво ниво се задолжени за планирање и спроведување
на активностите за остварувања на целите на својата организациона
единица, да ги контролираат тековните збиднувања и преземаат мерки
(превентивни и корективни) за постигнување на очекуваните ефекти.
ање
Кон
тро
лир
Организирање
е
ирањ
н
а
л
П
По својата природа, врвниот менаџмент најчесто решава неструктуирани
проблеми кои се нерутински и донесува непрограмирани одлуки. Менаџерите од
првото ниво решаваат структуирани и рутински проблеми, а одлуките се програмирани и лесно предвидливи.
Врз основа на вака распоредените обврски по хиерархиски нивои произлегува и структурата на ангажираност според менаџерските функции прикажана на
сл.3.
Сл. 3 Ангажираност според менаџерски функции
Во Табела 1-2 се прикажани основните цели на менаџерите и временскиот
период во кој тие се извршуваат.
Таб.1-2. Временски распоред и цели на менаџерските нивои
Ниво на менаџмент
Цели
Време
Врвен менаџмент
на компанијата
долгорочни
Среден менаџмент
на секторите или функци- среднорочни
оналните единици
Прво ниво на менаџмент
работно ориентирани
краткорочни
За остварување на задачите на сите нивои на менаџирање, потребни се
следниве знаења, способности и вештини:
–
стручни знаења што подразбира способност за примена на методи и
техники во специфични области како што се техниката, информaциските технологии, маркетинг, финансии и сл.
– знаења во доменот на меѓучовечките односи (human relation) што подразбира способност и вештини за работа со луѓе, мотивирање за работа,
15
в.проф. д-р Атанас Илиев
Менаџмент - предавања - 2012
креирање погодна атмосфера, развој и поддршка на тимска работа и
насочување на индивидуалните напори кон остварување на целите на
претпријатието
– концептуални способности што подразбира разбирање и визуализација на целината на работење, односите на деловите со целината и на деловите помеѓу себе; разбирање на местото на претпријатието во стопанството и односите со останатите субјекти во процесот на стопанисување.
Сл.4 Потребни знаење за различни менаџерски нивои
Согласно позициите и обврските на менаџерите по хиерархиски нивои на
сл.4. графички е прикажана дистрибуцијата на поодделните типови знаења, способност и вештини.
Паралелно со распределбата на преокупации на менаџерите по хиерархиски нивои, сложеноста на работење, посебно на индустриските претпријатија, ja
определуваat и специфичните стручни знаења по области, како што е прикажано
на сл.5. Опфатеноста на подрачјата како што се: маркетингот, развојот, техниката,
кадровското работење (екипирање) и финансиите се само еден пример за распределба на специфичните знаења во пирамидалната структура на менаџментот.
Сл. 5. Распределба на стручни знаења во менаџерската пирамидална структура
16
Download